0 коментари 5 мин. читање

Spotlight on Failure: Како да станеш откако си паднал?

(Серијалот текстови за претприемачки неуспеси Spotlight on Failure е проект на Inventures.eu. Интервјуата со успешни претприемачи кои често грешеле, имаат за цел да покажат дека стравот од неуспех, присутен често во Централна и Источна Европа, може лесно да биде едукативно искуство.)

Колку што се поголеми, толку потешко паѓаат: изрека која словенечкиот бизнисмен Бранко Дробнак ја научи по потешкиот пат неколку години претходно, губејќи околу 200 милиони евра и компанија која ја градеше 17 години со храбра инвестиција направена на почетокот на економската криза. Сега бизнис ангел, тој за Inventures.eu ја раскажува приказната за неговиот неуспех и невообичаеното заживување.

Како директор на Poteza од 1992 година, приватен фонд специјализиран за капитални инвестиции во компании од Југооисточна Европа, Бранко Дробнак (64 години) направи стратешка грешка која ја доведе неговата компанија до помалку од 1 отсто од својот капитал, и евентуално ја одведе во банкрот. Експлозивен коктел од ризични бизнис одлуки и лоша економска ситуација го доведе овој искусен претприемач до неколку емоционални и физички сломови.

Еден погрешен чекор

Пред хаосот, Poteza беше фокусирана да ја изгради првата инвестициска банка во Словенија, и една од највлијателните во поранешна Југославија, вели г. Дробнак, зборувајќи за историјата на компанијата. Кога Ljubljanska Banka (LB) јавно отвори 5 отсто од својот капитал за инвеститори во 2007-ма година, г. Дробнак и неговите партнери, кои веќе имаа 3 отсто од банката, видоа златна шанса да го забрзаат развојот на Poteza.

„Во тоа време, не очекувавме многу турбуленции на пазарот, ние секако дека бевме запознаени со шпекулацискиот балон во САД, но мислевме дека нема да го засегне нашиот пазар за недвижности“, тој објаснува.

Со ризичен потег, компанијата се реши да го инвестира сиот свој кеш, како и да земе позајмица, за да купи дополнителни 5 отсто од капиталот на банката. Тие 8 отсто од LB земаа голем дел од нивното портфолио, што г-дин. Дробнак го објаснува како „ставање на премногу јајца во иста кошница“. Тие не предвидоа дека колапсот на Lehman Brothers една година порано ќе го збрише словенечката економија.

„Од 400 евра по акција кога ги купивме, цената падна на 200 евра при крајот на 2008-ма, потоа на 166 евра во 2009-та и на крај да падне на 80-90 евра во 2011 година. Патував низ светот за да ги продадам нашите акции, но тие изгубија толкава голема вредност што беше невозможно да ги продадам“. Додека пазарот на капитал паѓаше за 40 отсто, потоа за 60 отсто во 2009-та година, каматите почнаа да раснат“, вели г-дин. Дробнак, објаснувајќи зошто Poteza наскоро се најде во загуба од 200 милиони евра и со големи долгови.

Крај на играта

Poteza започна долг и макотрпен процес да се реконструира, бидејќи отплаќањето на кредиторите колку што може побрзо стана главниот приоритет на компанијата. Отпуштањето на работниците што тој самиот ги вработи беше навистина тешко за г. Дробнак, бидејќи тие работеа како близок тим. Од неговиот персонал кој изнесуваше 160 луѓе, само деветмина останаа. Меѓутоа, чекорите да се намалат трошоците само ја одоговлекоа ликвидацијата. „Во 2009-та, ни стана јасно дека берзата нема да се опорави и дека Poteza нема да ја преживее кризата“.

Инвестицискиот оддел на групата поднесе банкрот во 2010-та година во 2010 година, што беше проследено со остатокот од компанијата една година подоцна, што за г-дин. Дробнак значеше неуспех на бизнисот што го градеше со декади. Ако 200 милиони евра беа значителна загуба, за него ова финансиско губење не беше најлошиот аспект. „Веќе не се почитував, ја изгубив мојата самодоверба, моите обврски, моите колеги, скоро се што го градев по последните 20 години“, вели тој. Под притисок и голем стрес, тој се заклучи во депресијата, состојба која наскоро започна да му се рефлектира врз менталното и физичкото здравје.

Излегувањето од пештерата

Заедно со поддршката на роднините, една посета во клиника за пациенти од рак по совет на пријател му го стартуваше закрепнувањето. „Звучи како клише, но јас отидов таму за да ја разберам вистинката мака на луѓето. Знаев дека мора да си помогнам себе што е можно побрзо“. Со тоа сознание, г-дин. Дробнак започна да прави физички вежби заедно со обиди да си го врати менталното здравје со читање книги, посети кај доктори и преку акупунктура.

Свеста дека неговиот бизнис не влијаеше негативно на размислувањето на неговите колеги од Rotary Club му помагна на г. Дробнак да престане да се мрази себеси и „да излезе од пештерата“, како што вели тој.

„Разбрав дека не треба да се судам себе си поради една единствена активност во која не сум успеал: купувањето на акции во Ljubljanska Banka. Покрај тоа, во тоа време, скоро 80 отсто од словенечките финансиски инстутуции отидоа банкрот и во земјата имаше пријавено околу 10.000 лични банкроти“.

Враќање на патот

Штом се врати во форма, г. Дробнак продолжи со професионалните активности. „Бидејќи Poteza беше спонзор на Business Angels of Slovenia скоро една декада, стравот дека ќе пагрешам пак со инвестирањето во нов проект беше нешто што мораше да го победам“.

Како „еден вид лек“, г. Дробнак внесе 150.000 евра во Double Recall, словенечки стартап кој работеше на нов вид онлајн огласување во 2011-та година, и 50.000 евра во Agencija za pospeševanje likvidnosti (APL), стартап за финансирање во 2012 година.

Откако собра 1,4 милиони долари од неколку инвеститори во САД и стартуваше во 2013-та година, Double Recall го прогласи својот продукт несоодветен за пазарот и се затвори во Поло Алто, САД, во 2014-та година. Тоа беше неуспех кој г. Дробнак го прифати со филозофија, додека APL, другиот стартап направи 140.000 евра профит со приходи со шест милиони минатата година, кои ги дуплираше оваа година.

Како претседател и член на бордот на Business Angels of Slovenia од 2012-та година и ментор за Centre for Entrepreneurship Education and Development (CEED Slovenia), г. Дробнак вели дека сака да им го даде на младите компании тоа што тој го пропушти во неговиот развој и да го сподели знаењето.

„Јас го изградив мојот бизнис од моите лични грешки – беше болно и чинеше многу, и затоа сега ми е мило што им кажувам на луѓето како да не грешат“, вели тој. „Тоа што сакам луѓето да научат од моето искуство е дека не само што треба да се грижите за своето ментално и физичко здравје, што е важно за да функционирате нормално, туку најважно, и не можам да потенцираш колку есенцијално е да се разбере дека неуспех на бизнис не значи неуспех на личноста. Ние сме многу повеќе од нашата работа – или од резултатите на нашата работа“, заклучува г. Дробнак.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top