0 коментари 2 мин. читање 20 април, 2015

Најди си го изгубениот Android со пребарување на Find My Phone

Без сомневање досега сте го користеле Google за да пронајдете нешто кога ви е потребно. Сега ќе може да го искористите за да го пронајдете вашиот изгубен телефон. Новата опција Find my phone овозможува да го пронајдете својот телефон, едноставно со пишување на „Find my phone“ во пребарувачот. За ова да функционира потребно е корисникот да има Android телефон, на кој е инсталирана најновата верзија на апликацијата на Google.

Апликацијата овозможува преглед на мапа и лоцирање на телефонот и можност да го вклучите „алармот“ и така да го пронајдете телефонот. Доколку корисникот не е сигурен каде е локацијата на телефонот, постои можност за бришење преку Android Device Manager страната. Досега корисниците можеа да ги пронајдат своите уреди преку Android Device Manager, а се чини дека единствената разлика сега е што наместо на оваа страна корисникот сега треба да се логира на Google.

„Ни се случило на сите – пребарувате под седиштето, ги разместувате сите перничиња на троседот и ама не можете да го пронајдете телефонот. Ако знаете каде ви е компјутерот тогаш може да го пронајдете вашиот Android телефон преку десктоп. Ако телефонот е во близина, Google може да ѕвони или можете да побарате на мапата доколку на пример сте го заборавиле во кафеаната. Потребно е единствено да ја“ имата нејновата верзија на Google апликацијата“, вели Google во својата објава.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top