Хрватскиот Net.hr има нов интересен начин да се справи со блокирањето на рекламите. За корисниците кои користат AdBlock, популарниот портал ќе им ги блокира сликите. Сликите се заменети со соопштение кое потсетува дека и новинарите мора од нешто да живеат, и бараат со исклучување на блокирањето да се поддржи хрватското новинарство.
Во споредба со остатокот на светот користењето на AdBlock во Хрватска не е преголем проблем, пред сѐ со оглед на тоа дека најголем број од медиумите јавуваат дека помеѓу 10 и 15 отсто од читателите пристапуваат со блокирање на реклами, што е значително помалку од светскиот просек. Она што ги загрижува Net.hr е и најголем проблем во моментов, што корисниците кои ги блокирааат рекламите доаѓаат од десктоп, што засега е фокус на огласувачите.
„Clickbait праксата е одамна прекината, денес посетителите немаат замерки на насловите, а пред еден месец Telegram Media креираше интегрирана редакција Net.hr и Telegram…“, пренесува Netokracija. Освен овој метод Net.hr работи и со рекламни текстови, но барем засега овој начин на заработка е мал дел во споредба со останатите реклами. Користењето на блокирање на реклами јасно покажува што не им се доапаѓа на корисниците, а според коментарите на Netokracija се чини дека корисниците кои користат Adblock се сосем во право.








Mnogu sakam da znam dali ke najdat nacin da gi blokiraat reklamite bez blokiranje na slikite
Решение. https://adblockplus.org/forum/viewtopic.php?f=1&t=44417&start=0