Хрватскиот производител на електрични возила Rimac Automobili е заинтересиран да го купи Bugatti од Volkswagen. Интерес постои и кај Volkswagen кој би сакал поголемо учество во Rimac. „Зелено светло“ за продажбата дале и директорите на Volkswagen. Porsche кој е дел од Volkswagen поседува 15,5 отсто од акциите на Rimac Automobili.
Компанијата е заинтересирана да го зголеми својот дел во хрватскиот производител на 49% во замена за Bugatti, велат извори за Carmagazine. Porsche во 2018 купи 10 отсто од акциите на Rimac.

Една од причините за продажбата е што новото раководство на Volkswagen не е заинтересиранo за хоби брендови кои ги наследија од претходниот директор. Сите средства во моментов се инвестираат во актуелни технологии како електрификација, автономија и дигитализација.
Инвестициското портфолио на Rimac е импресивно. Дел од инвеститорите во компанија покрај Porsche се и Hyndai, Jaguar, Koenigsegg и Magna. Технологијата на хрватскиот производител никогаш не била доведувана во прашање, но производството секако е проблем. Компанијата произведува ограничен број на возила. Пример од првиот автомобил на Rimac, Concept One се продадени само 8 автомобили, вториот автомобил C_Two го поседуваат 150 возачи. Дел од договорот покрај брендот е и инфраструктурата на Bugatti кои секако ќе помогнат за зголемување на бројот на Rimac возила кои се произведуваат.
[…] се појавија шпекулации дека … се шпекулираше […]
[…] го добива Bugatti. Кога минатата година се појавија шпекулации дека Rimac ќе го купи Bugatti се шпекулираше дека Porsche ќе добие 49 отсто учество во […]