0 коментари 2 мин. читање 11 март, 2016

Повеќето Американци се плашат дека роботите ќе ги украдат работните места

Најголем дел од жителите на САД сметаат дека роботите ќе ги заменат луѓето во најголем дел од работните места. Но, исто така веруваат дека тоа нема да биде нивното работно место. „Две третини од Американците сметаат дека за 50 години роботите и компјутерите најверојатно или дефинитивно ќе ги преземат работните задолженија на луѓето“, вели анкетата која jа пренесува Motherboard. Сепак дури 80 отсто од истите испитаници сметаат, дека нивната работа е безбедна, и нема да може да биде завршена од роботи.

Последниве неколку години нема недостаток од анализи и известувања дека најголем дел од работниците ќе можат да бидат заменети со роботи. Дел од известувањата велат дека на сметка на овие затворени места ќе бидат отворени нови, но дел велат дека човештвото мора да се подготви за оваа промена.

Предвидувањата се дека барем во непосредна иднина нема потреба од грижи, иако анализите и предвидувањата не се точни секогаш. Така експертите кои до вчера сметаа дека има уште многу време додека вештачка интелегенција успее да победи човек во Go, игра за која е потребна човечка интуиција, денес се на една победа од сосема нова реалност.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top