Зошто беше потребно на Визија 9 да слушаме за „облакот“?

во ИТ.МК, Статии

Microsoft Mакедонија одлично ја искористи својата конференција Визија 9, која се одржа во четврток и петок, за да ги запознае посетителите со најновите технологии кои се појавуваат на пазарот, но и при тоа да си ги и претстави своите производи и веб сервиси како можно решение за тие нови технологии.

Покрај мобилната револуција, денес се случува и поместување на трендовите на како го користиме софтверот. Денес сите бизниси започнуваат да се префрлуваат на веб решенија, на софтвер кој функционира и ги складира податоците на облакот, директно на Веб. Всушност, компанијата за анализа Gartner предвидува дека до 2012-та, за само една година од сега, 20 отсто од бизнисите ќе си ја префрлат комплетната дејност на облакот.

Сите платформи обединете преку облакот.

Но, во моментов облакот сè уште е новина, дури сега започнуваме да гледаме како Apple, Amazon, Google и секако Microsoft агресивно претставуваат веб сервиси и складишта за поврзување на разните платформи.

Облакот е новина и за многу македонски бизниси и корисници, и браво за Microsoft Македонија кој преку предавања од експерти подетално објасни како функционира оваа технологија. Голем проблем за македонските бизниси и корисници е што тие не се доволно запознаени со сите тие сервиси бидејќи додека технологијата пристигне тука, во светот веќе нешто ново станува тренд. Но, за користењето на облакот е потребно само интернет конекција, не имплементирање на решенија, инсталирање софтвери и други обврски, туку едноставно е потребно да се знае како тој веб сервис функционира, како може да се искористи за бизнисот и како ќе ја зголеми соработката и продуктивноста.

Еден од сервисите на Microsoft во облакот е Office365 кој овозможува користење на Office софтверот директно преку Веб овозможувајќи лесна соработка меѓу корисниците. Конкурент на Office365 е Google Docs, Zoho и други сервиси, но според директорот на Microsoft, Стив Балмер, Office365 веќе е добро прифатен од бизнисите и „победува, победува, победува“, пред се поради репутацијата на Office софтверот. (За жал, г. Балмер не беше присутен на Визија 9, но би било навистина кул да го видиме на десетото издание на конференцијата.)

Сите корисници обединети преку облакот

Во моментов Оffice365 не е достапен во Македонија. Но, прашање на време е кога ќе биде достапен и кога ќе започне да се користи од македонските бизниси. Всушност, не мора да биде само тоа решение, македонските бизниси можат да користат и други облак решенија, но, ќе мора да знаат како да ги користат. Токму, знаењето на како да се користат овие веб сервиси е и втората (р)еволуција што се случува во светот и што беше често споменувана на Визија 9. Имено, денес ја имаме технологијата, но ги имаме и корисниците кои се навикнати на новите веб сервиси.

„Индивидуалните кориснички навики стануваат и деловни.“, вели директорот на Microsoft Македонија, Илијанчо Гаговски во своето излагање за конзумерацијата, односно за како корисничките навики благодарение на постојаното користење на веб сервисите стануваат и бизнис навики заради поголема продуктивност.

Корисниците се активни на многу различни платформи, сета корисничка продуктивност се синхронизира на различни уреди токму преку облакот било да се однесува за бизнис активност или за индивидуалната. Денес секој корисник го користи облакот. Користите Gmail, Yahoo, Hotmail, Facebook, DropBox… и уште куп сервиси? Сите наши податоци се закачени на мрежата и ги споделуваме, креираме и симнуваме од таму. Сите ние ги користиме тие сервиси и сме запознаени со облакот кој ни овозможува полесно да ги споделиме тие информации и полесно да ги синхронизираме со други уреди кои исто така ги користиме за секојдневните потребни. Сега е можно од било каде да можете да соработувате со своите колеги.

„Новите технологии доаѓаат, и ние не може да ги сопреме.“, вели експертот за безбедност Енди Мелоуни чија презентација имаше за цел да ја спореди безбедноста на складирање и користењето податоци на локални сервери со складирање и користење на податоците од облакот.

Тоа што ми се виде интересно е што безбедноста на веб сервисите и софтверските решенија беше една од почестите теми на Визија 9. Интернет корисниците стануваат се посвесни дека предаваат лични податоци кои се закачуваат на сервери кои никогаш нема да ги видат, и дека можат да ги изгубат тие податоци. Зарем малку има инциденти на срушување на цели инфраструктури, откритија дека бесплатните друштвени мрежи продаваат податоци и пропусти во приватноста на мрежите? И тука, како одговор на сите овие прашања Microsoft Mакедонија одигра одлична улога на сериозна ИТ компанија отварајќи дискусии за безбедноста, за како треба администраторите да се поставуваат кога се грижат за мрежите и користат веб сервиси, што треба бизнисите да знаат за овие облак мрежи и секако како корисниците да можат да ги користат.

Облакот е безбеден кога се знае како да се користи, слушнавме на Визија 9.

Пола Јанушкиевич, безбедносен експерт од CQURE, за 10 смртни гревови за администраторите

Интересно, немаше многу информации зa новиот Windows 8 и имаше само една презентација за креирање на апликации за Windows Phone 7. Како што реков, Македонија е последна каде овие новини се претставуваат. Но, тоа што беше кул е што посетителите имаа можност да си поиграат со новите технологии и софтвер во Expo салата. Таму можеше да се најде Windows 8 инсталиран на десктоп компутери и таблет уреди и таму можеше да се види импресивниот LG Optimus 3D P920 кој има поддршка за 3Д видео и фотографија без потреба од 3Д наочарите.

Сепак, тоа што беше најинтересно е што во Expo салата можеше да се види и да се поигра со Kinect, гејминг платформата на Microsoft која нема контролери туку преку камери ги следи движењата на играчите. Kinect беше прво замислен како гејминг платформа, дел од xBox, но по неколку хакирања Microsoft објави софтверски алатки овозможувајќи им на креативните хакери да направат софтвер за најразлични потреби.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments