2 коментари 3 мин. читање 21 октомври, 2011

Поглед кон „Патенталија и Тентелина“ од Матеј Богдановски, од фронтот на војната за авторски права

(ова е гостински текст на Новица Наков oд Слободен Софтвер Македонија

Кампањите на организациите како RIAA и MPAA често се фокусираат околу идејата за „крадење“ кога станува збор за добрата од културата (види You wouldn’t steal a car). Ова не е случајно. Тие се обидуваат да го поистоветат пиратството од отворените мориња со непочитувањето на авторските права во денешното дигитално доба. Од друга страна, застапниците на идеите за реформа на законите за авторски права неретко потсетуваат на различноста на овие две нешта (види gnu.org за зборови што треба да се избегнуваат – piracy: https://www.gnu.org/philosophy/words-to-avoid.html). Забележуваме дека политичките партии (пред сѐ во Европа) кои во својата агенда ги имаат и авторските права како дел од поширока платформа за разбирање на граѓанските права во новото време се викаат „пиратски партии“, но никој тука не мисли повторно на едначење со пиратите од отворените мориња – концепт што и сам по себе е спорен, надвор од популарната култура на Холивуд (за повеќе види: http://www.darkmatter101.org/site/category/issues/5-pirates-and-piracy/).

Со сето ова некаде низ мозокот, во раце ми падна стрипот од насловот.

Второто нешто што се забележува на кориците на штотуку објавениот стрип на Матеј Богдановски, веднаш по силниот македонски брендинг, е името на главниот јунак. Напишано во нешто што наликува на CamelCase зборот „патент“ отскокнува од останатиот наслов. Задната страна на корициата има своја full copyright белешка: Ниеден дел од оваа публикација на може да биде репродуциран……

Епизодата бр. 1 се вика „Пиратерија“ и тоа е (веројатно?) прво македонско издание каде гледаме поистоветување на овие два концепта на пирати: пиратот од стрипот ем грабнува како капетан Џејмс Кука ем има „пиратски“ дискови како… хм. Како сите нас.

Со ограничувањата за употреба наведени од авторот предвид, она што е мошне интересно да се забележи како во овој стрип се отсликува незаборавната реченица на Лесиг: „Creativity always builds on the past“ (види:http://randomfoo.net/oscon/2002/lessig/free.html). Главниот лик од стрипот потсетува на Крали Марко, пиратот на Џејмс Кука (со своевиден хендикеп на екстремитетите), одредени сцени заличуваат на нешто што можеше да се види во Despicable Me.

Референците кон данок, закон и фискални каси влечат по некоја насмевка од пиратот во мене, но она што е незаборавно е тоа што лошиот пират ја држи Тентелина во окови. Па ајде. Да живее и DRM. Пиратско.

Напишано од

Новица Наков

Новица Наков e дипломиран економист и истакнат член на организацијата Слободен софтвер Македонија уште од нејзиното основање. Учествуваше во креирањето на Националната политика за слободен софтвер. За себе вели дека прави работи за да види дали може да се направат.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
noname
noname
14 years ago

Има …
90 ден во Магор, Или-Или, Кафказ и Бункер !

Slobodan Jakoski
14 years ago

А има некаде да се симне стрипот? :D (pun intended)

Мени
Заедница
Изглед
To top