Данското здружение за рак откри дека мобилните телефони не предизвикуваат рак. Ова откритие е резултат на студијата која здружението ја има извршено врз 350.000 мобилни претплатници во рок од 18 години. Оваа студија е всушност надополнување на постара студија од 2007 година.
Официјалната студија, објавена во британскиот медицински журнал, открива дека не постои поврзаност помеѓу користењето на мобилните телефони и појавата на рак. Појава на рак не е забележан ниту пак кај оние кои користеле мобилни телефони повеќе од една деценија. Истражувањето е спореведено на тој начин што споредена е појава на рак кај луѓе кои користат мобилни телефони и кај луѓе кои не користат. Истражувањето покажало дека појавата на рак била скоро еднаква, без разлика дали испитаниците користеле мобилни телефони или не.
Иако студијата на данското здружение за рак потврдува студии кои имаат дојдено до ист заклучок, таа сепак содржи една слабост. Проблемот со оваа студија е тоа што го земала во предвид само бројот на мобилните претплати, а не и колку тие мобилни телефони биле користени.