Спонзорирано

Жени во технологија: Slice

Спонзорирано од Slice

во Интервјуа, ИТ Кариера, Спонзорирани

По повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март, ИТ компанијата Slice – која специјализира во изработка на софтвер за пицерии кој го користат над 17.000 пицерии во повеќе од 50 држави во САД, се одлучи да ги сподели приказните на Светлана Митревска, Магдалена Трајковска Кушевска, Емилија Талевска Стојковски и Ѓулер Абдула кои се дел од тимот на Slice во Македонија.

Која е вашата сегашна позиција и кои се вашите дневни обврски? Како го направивте изборот токму за таа професија, опишете го накратко вашиот досегашен кариерен пат?

Магдалена Трајковска Кушевска

Емилија: Уште од рана возраст отсекогаш уживав да си поставувам цели и да се трудам да ги постигнам, дури и ако тоа ме принуди надвор од мојата комфорна зона. Студирањето на Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје беше една од нив. Но беше една од најдобрите одлуки кои ги имам направено, затоа што целосно се пронајдов. Детална сум, сакам да решавам проблеми и да градам нови работи, па областа целосно ми го обезбедуваше тоа. Уште пред завршувањето на факултетот, успеав да добијам пракса во една компанија во Скопје како развивач на софтвер, каде потоа ја започнав својата кариера. Од таму променив неколку компании, секаде надоградувајќи го моето знаење во разни области и стекнувајки нови и нови вештини, како технички, така и ‘soft’ вештини. Бев предавач и на една академија за програмирање што доплнително ми помогна да се изградам и надополнам. Во моментов работам како сениор развивач на софтвер, главно фокусирана на позадинскиот дел на апликациите, во ‘fintech’ областа. Мојот типичен ден вклучува решавање на деловни проблеми преку код, или пронаоѓање и поправање на грешки, прегледување код на други инженери и присуство на состаноци со луѓе од разни сектори и на разни позиции.

Магдалена: Мојата сегашна позиција е Senior DevOps Engineer, па како дел од DevOps тимот, мојата главна обврска е да се осигурам дека инфраструктурата на Slice е постојано активна и “up-to-date”, а корисниците немаат потешкотии или проблеми да извршуваат нарачки. Во тимот добиваме секојдневни барања и прашања за технички асистенции и решавање на проблеми, што вклучува сетирање на соодветен мониторинг и алармирање. Дополнително, моите работни обврски вклучуваат и поставување на работни околини за останатите инженери, автоматизација на целиот “deploy” процес (CI/CD), како и документирање на целата инфраструктура која ја одржуваме. Мојата желба да бидам инженер датира уште од малечка, кога имав огромна љубов кон математика и аналитика, а таа љубов прерасна во пасија за решавање на мрежни проблеми и автоматизација. Заинтригирана од тоа како се одвиваат комуникациите во мрежниот свет, се запишав на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, на модулот Телекомуникации и информациско инженерство. Мојата кариера започна таму, како истражувач во WinGroup истражувачкиот центар, каде за прв пат се запознав со основните “cloud” принципи кои денес ги користам. Потоа продолжив како мрежен инженер, но за многу кратко време се пренасочив кон DevOps и тоа дефинитивно се испостави како вистинската кариерна одлука за мене.

Ѓулер: Мојата сегашна позиција е Senior QA Engineer. Типичен работен ден за мене започнува со проверка на пораки и маилови од претходниот ден. Често, имаме состанок со програмери во врска со проектите што моментално ги работиме заедно. По текот на денот, повеќе се фокусирам на тикети (работни задачи со опис), кои треба да ги завршам истиот ден и си креирам план за тестирање. Во меѓувреме пишувам скрипти за тестирање, потоа следува целиот процес на мануелно и автоматско тестирање. Во повеќе случаи, се трудам денот да го завршам со пишување автоматски тестови. Мојот кариерен пат го започнав како инженер за техничка поддршка (technical support engineer), па останав во таа позиција доволно долго за да можам да се стекнам со добро познавање на целиот систем. После успешно завршени работни задачи ми беше понудена можноста да се спремам за ISTQB тестот (International Software Testing Qualifications Board). Со овој тест ја имав можноста да унапредам како QA Engineer. Ми беше интересна новата работна позиција по тоа што има загатки и проблеми за решавање секој ден. Така почна мојот пат како QA Engineer. При тестирањето, секогаш морам да бидам малку иновативна бидејќи процесот за тестирање не секогаш е опишан – всушност, потребна е малку истражувачка работа.  

Светлана Митревска

Светлана: Мојата сегашна позиција е инженер за софтверска поддршка (Software Support Engineer). Дневните обврски на нашиот тим се составени од активен мониторинг и системска и софтверска поддршка на сите продукти и процеси во Slice. Исто така, ние сме задолжени за навремено идентификување на потенцијални проблеми, пронаоѓање на решенија или ескалација кон останатите инженерски тимови. За професија во ИТ секторот имав желба уште како средношколка, па не се двоумев премногу околу тоа што би продолжила да студирам. Моментално сум на пост-дипломски студии за информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита на лични податоци, а мојата кариера во Slice започна пред повеќе од две години. Најпрво бев дел од одделот за процесирање на нарачки, но целта ми беше позиција во ИТ секторот.

Што ви помага да се усовршите во работењето и кариерата? Од каде добивате информации за да останете во тек со брзите промени во индустријата? Како Slice ви помага во кариерниот напредок? 

Емилија: Конференции, средби со други развивачи на софтвер, книги и курсеви се алатките кои ги користам за да останам во тек, да изградам конекции кои ми обезбедуваат информации и поддршка кои ми помагаат при секојдневното работење. Slice како компанија обезбедува дополнителен годишен буџет, наменет за обука и само-подобрување. Дополнително се организираат разни технички состаноци каде се презентира она што моментално се работи на ниво на компанија, но и се споделувуваат идеи и знаење за нови технологии и предлози за подобрување на текот на работата. Она што најмногу ми се допаѓа е поддршката не само од тимот, туку од цел спектар на професионалци кои се подготвени во секое време несебично да го споделат своето знаење и искуство.

Емилија Талевска Стојковски

Магдалена: За мене, најважно од сè е да имам пасија и љубов према тоа што го работам, a со тоа доаѓа и постојана амбиција утре да сум подобра од тоа што сум денес. Мојата работа вклучува секојдневно учење на нешто ново, секој работен ден е нов предизвик и таа динамика е нешто кое налага да сум во тек со сите новитети во индустријата. Постојано читам новости на форуми поврзани со мојата работа и се трудам да ги имплементирам. Во Slice имам можност да соработувам со многу софтверски инженери од различни гео-локации што дополнително придонесува да осознаам многу нови нешта од секој од нив. Состаноците кои ги организира Slice за споделување на информации за новитете на кои работат тимовите се исто така многу важни да останам во тек со новитетите на ниво на компанијата, но и пошироко, бидејќи постојано се трудиме да ги користиме најновите технологии во сите области.

Ѓулер: Секое ново барање за тестирање е клучна за усовршувањето во мојата работа. Коминикацијата со различни тимови, ми помага да останам во тек со промените а воедно и да добивам знаење за непознатото. По својата природа на процесот на работата во Slice, секој период работиме на различен проект. Како што се менуваат барањата и процесите во секој проект, така јас и мојот тим, мораме да си го усовршуваме нашиот процес за тестирање. Кога барањате се менуваат, договорените критериуми за успех се оценуваат од страна на повеќе тимови, и се прогнозираат нови алатки, процеси за тестирање. Имајки предвид сето ова, среќна сум што ја започнав мојата кариера како QA Engineer во Slice, бидејќи секогаш добивам сета подршка за моите идеи или персонални интереси за учење на некоја нова алатка или некој нов јазик за автоматизација.


Светлана: Комуникацијата во Slice е на исклучително високо ниво. Тоа ни помага во голема мера во однос на исполнување на сите работни обврски, но и во однос на усовршување и градење на кариера. Сите меѓусебно си помагаме, споделуваме мислења, знаења, решаваме проблеми заедно, и сите сме во тек со се што се случува, како внатре во нашата компанија, така и во ИТ индустријата. Со оглед на тоа дека Slice e компанија која што има вработени од Америка, Македонија и Северна Ирска, сите споделуваат информации кои што се актуелни во нивното опкружување, и со тоа сме во секое време информирани за сите актуелности. Исто така, Slice ни овозможува пристап до најразлични курсеви, сертифицирања итн., со што дополнително учиме и се усовршуваме.

Ѓулер Абдула

Како девојки во ИТ индустријата, кои се вашите совети за сите останати нови ИТ кадри? Што им препорачувате на сите оние кои започнуваат или се заинтересирани за почеток и кариера во ИТ? Кој е првиот чекор? 

Емилија: Подобро е да успеете заедно отколку да не успеете сами! Како и во секој друг сектор, најбитно е наоѓање заедница која ќе ве поддржи и ви помогне, поготово во самите почетоци. Не се плашете да побарате помош, како и со секоја работа и овде постои крива на учење. Постојано учете, надоградувајте се, комуницирајте, читајте книги, туѓ код, поставувајте прашања, бидете детални во тоа што го правите и постојано работете на подобрување на вашите вештини за решавање проблеми како и подобрување на меките вештини.

Магдалена: Да се биде девојка во ИТ за мене претставува само поголема мотивација да напредувам повеќе, да сум свесна за својата вредност и да не се плашам од предизвик. Им препорачувам на сите кои се заинтересирани за работа во ИТ, постојано да истражуваат за технологијата и да го користат интернетот како главен извор на информации. Неопходен е постојан стремеж да го подобрите тоа што сте го направиле и неприфаќање на комфорт зона, а тоа секако доаѓа најмногу од љубовта и пасијата кон технологијата. Секој кој ја гледа својата иднина во ИТ секторот, треба да е подготвен да вложи многу труд и секојдневно да учи нови работи за да се усовршува, со цел да може соодветно да напредува.

Ѓулер: Дефинитивно, секој треба да ја знае својата вредност и да не се плаши од напредување. За да напредувате, треба да туркате напред и да го побарате она што го сакате. Без разлика кое поле ќе го изберете, не заборавајте никогаш да не се откажувате од вашите соништа и секогаш да одржувате позитивен став. И без разлика какви блокади може да се појават, жените никогаш не треба да дозволат некој или нешто да го ограничи нивниот потенцијал. Мојот совет за сите почетници е да бидете упорни, да бидете подготвени да започнете со почетна позиција и да продолжите нагоре. Искуството што го добивате работејќи на дното на скалата ќе биде вредно додека прераснувате во попредизвикувачка положба.

Светлана: Првиот чекор е искрена желба и интерес за кариера во ИТ индустријата. Потоа, треба доста учење и упорност. Во оваа индустрија работите се менуваат многу брзо, и сите треба да сме спремни да учиме и да се усовршуваме цело време. Сметам дека секој ден учиме нешто ново, и дека нема да престанеме да учиме, веројатно до крајот на нашите кариери. Интернетот нуди неограничен пристап до најразлични информации, и секој кој што сака да започне кариера во ИТ треба да знае како да ги употребува сите тие информации на вистински начин, и да биде во чекор со сите значајни промени.
На сите оние кои што се заинтересирани за кариера во ИТ, би им порачала да не се плашат и да веруваат во себе, бидејќи можностите за напредок се навистина големи, и сметам дека највозбудливото во дигиталниот свет допрва доаѓа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Slice . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]