80.000 по песна е многу повеќе од 24.000 долари кои Air France ќе им ги даде на фамилиите на жртвите од Air France летот 447 кој се сруши меѓу Рио де Женеиро и Парис. Зарем 1 песна вреди повеќе од човечки живот, па ако треба да е песна од Бритни Спирс? :|
Oваа сума е дури поголема и од сумата на трите основачи на The Pirate Bay, кои беа казнети со по 1 милион долари и година дена затвор.
„Нема шанси да ја платам казната“ рече г-ѓа. Томас-Расет, 32-годишната самохрана мајка од Минесота, САД.
Таа е првата од 30.000 индивидуалци кои ќе бидат тужени од RIAA за прекршување на авторските права и нелегално споделување музика онлајн. RIAA е американскта асоцијација на музичката индустрија. Тие изјавија дека се задоволни од исходот на судењето.
„Задоволни сме од судската одлука и бидејќи судот се согласи со доказите и го означи обвинетата како одговорна“ рече Кара Дукворт, портпаролот на RIAA.
Приказната не застанува тука. Следниот кој треба да се појави на суд е Џоел Тенебаум, 25-годишнен студент од Бостон. Тој прв пат беше осуден во 2003 година за нелегално споделување на 7 песни преку Кazaa. Toгаш г-дин. Тенебаум, се уште тинејџер, требаше да плати 5.250 долари казна за тие 7 песни. Тој рече дека нема толкава сума и се понуди да плати 500 долари.
RIAA ја одби понудата и сега следува второто судење каде се очекува студентот да биде казнет со 1 милион долари обештетување за нелегално споделување на само 7 песни.







