{mosimage}„Ова се Кев и неговата ќерка Алис. Тие спијат на клупи во парк, преживуваат со бесплатните оброци од работа и школа, и кофа сладолед која повремено ја земаат од фрижидерот на соседите…“. Иако звучи како вистинска приказна за бездомници, сепак ова се случува во виртуелниот свет на The Sims 3.
„Кога ќе ги креирате Sims карактерите, вие им давате лични карактеристики и го одредувате нивното однесување. Кев е лош, брзо разгневнува и некултурен. Тој исто така не сака деца, и е луд. Тој е најлошиот татко на светот“ – Робин Буркиншав го објаснува карактерот Кев кој тој го креирал.
Буркиншав е студент за гејминг дизајн на Англи Рускин универзитетот во Британија. „Алис и Кев“ блогот е неговиот запис од експериментот за однесувањето на Sims карактерите.
{mosimage}
{mosimage}
Алис и Кев се негови карактери кои тој може да ги контролира. Но, Буркиншав открил дека е позабавно да ги остави ликовите само да си одлучуваат за своите акции.
„Што значи кога лик кој што вие ќе го направите ве натера да си го преиспитате сопствениот живот преку нивната неверојатна несебичност“ прашува Буркиншав откако Алис добила желба да ги испрати сите пари во добротворни цели, идеја која го плашела нејзиниот креатор, кој пишува на блогот: „ова е нејзин живот, нејзини одлуки. Неволно ќе и ги исполнам“.
Бидејќи The Sims сепак е игра со преодредени правила и насоки, надворешното влијание е само потребно да сe одстранат тие правила и сменат насоките. Генијалната идеја на Буркиншав е што им направил на ликовите парк со две клупи наместо куќа на место кое, според играта, е имот/недвижност и сите пари кои карактерите ги добиваат на почетокот за купување мебел и средување на својот дом да се искористат за креирање на тој парк.
Сите кои ja играат Тhe Sims 3 може да ги симнат ликовите од блогот на Буркиншав и да ги вклучат во нивниот виртуелен свет, или пак да поиграат со нив. А доколку приказната за Алис и Кев ве растажи и замисли, тогаш „можеби ќе ве заинтересира да им помогнете на вистинските луѓи на кои им е тешко во овој свет“ пишува Буркиншав на блогот каде линка до добротворни организации.






