{mosimage}Предноста на лаптоп компјутерите е мобилноста, односно можноста да ги користите каде и да сте, без да имате потреба од електрична енергија… па затоа од голема важност е батеријата на лаптопот да е издржлива и стабилна, и да има животен тек кој ќе е соодветен за вашите потреби. Во првите денови, лаптоп батериите стандардно држат солидно време (од 3 часа па нагоре), но поискусните корисници на овој вид компјутери сигурно забележале дека со текот на времето животниот тек на нивната батерија се повеќе се намалува, за да на крај дојде до фазата каде што неможете да поминете ни 15 минути без да го барате најблискиот електричен приклучок.
Во продолжение следат 10 кратки совети за како да имате лаптоп батерија која нема да ве изневери кога ви е најпотребна…
1. Исклучете ги програмите
Кога инсталирате различен вид на софтвер, поголем дел од програмите создаваат свои позадински процеси кои се вклучуваат при стартот на оперативниот систем и кои го користат процесорот со што доведуваат до побрзо загревање на компјутерот и потребата од побрзо ладење. Исклучете ги програмите во позадина кои не ви се потребни и кои ви ги користат непотребно ресурсите.
2. Намалете го контрастот
Искористете ги опциите за подесување на екранот за да го намалите контрастот и светлоста. Доколку ви е потребна батеријата да издржи подолго време, ставете ги опциите на минимум.
3. Исклучите ги екстерните уреди
USB и Wi-Fi приклучоци буквално ја цедат батеријата. Доколку сакате да го користите лаптопот подолго, исклучете ги сите овие приклучоци, дури и екстерниот маус, особено ако е безжичен. Полнењето на вашиот MP3 или мобилен уред кога лаптопот е само на батерија, ќе ви гарантира брзо трошење на батеријата.
4. Дефрагментирајте често
Со дефрагментирање, вие ја забрзувате работата на хард дискот, со што се троши помалку батерија. Постојат повеќе начини за брзо дефрагментирање на вашиот хард диск, еден од нив е користењето на програмот Auslogics Disk Defrag.
5. Не ја заборавајте наполнетата батеријата
И на лаптоп батеријата и е потребна кондиција. :-) Никогаш не ја полните батеријата и не ја оставајте неискористена на подолг временски период, користетете ја најмалку еднаш во три недели.
{mosimage}
6. Прашината е вашиот непријател
Не заборавајте одвреме навреме да ги чистите контактите на батеријата со лаптопот, препорачливо со крпче навлажнето со алкохол. Исто така, кога веќе ви е крпчето во рака, зачистете го и кулерот со што ќе ја отстраните прашината која ја качува оперативната температура на компјутерот.
7. Чекор по чекор…
Кога вашиот компјутер работи на батерија, не вклучувајте 10 програми во исто време и не се обидувајте да завршите што повеќе работи побрзо. Работите чекор по чекор, вклучувајќи по една програма.
8. Намалете ја резолуцијата
Намалете ја употребата на графички елементи, намалите ја резолуцијата на екранот и исклучете ги опционалните графички драјвери. Видео картичките конзумираат голем дел од енергијата.
9. Играње игри, гледање ДВД?
Доколку сте активен гејмер, или пак "подзаборавен" фан на некоја ТВ серија или филм, можеби треба да размислите за инвестирање во уште една лаптоп батерија од причина што ваквите активности брзо ја исцрпуваат батеријата.
10. Додадете повеќе РАМ
Кога немате доволно РАМ, вашиот компјутер функционира на виртуелна меморија која се базира на употребата на хард дискот, со што користите повеќе енергија отколку што би користеле доколку имате поголема РАМ меморија.






