Задачата на Google е да ги решава вашите проблеми и да го олесни вашето живеење, а нивниот најнов производ придонесува во тоа. Најновиот Google производ G-Male има за цел да ви покаже каков треба да биде совршениот маж , маж кој слуша сé што зборите, маж кој ви ги чита мислите, маж кој е постојано до вас, буквално сé што можете да посакате во еден совршен маж. Но дали е така?
Популарниот женски портал >Comediva креираше видео во кое Google е претставен како совршениот маж, и покажува како би изгледало доколку сте во врска со Google. Верувам дека на повеќето нема баш да им се допадне фактот дека нивниот дечко знае буквално сé за нив. Порталот Comediva ја исмејува семоќноста на Google на доста инвентивен и забавен начин. Ова видео е многу слично со видеото на Microsoft, Gmail Man, во кое Google е претставен како поштар кој ги отвора сите писма.








не зборите толку зборувате.. аман скопјани.. -.-
ha ha ha……
Што ќе биде со /b/-male да ми каже некој? :)