Кајгана.com претстави нов дизајн, но тоа што е поинтересно е што заедно со промена на дизајнот, Кајгана го променува и начинот на кој го продава огласниот простор. Наместо да продава неделни банери, Кајгана.com ќе продава простор по импресии, вели основачот и уредник на порталот, Дарко Лазаревски во интервју за Комуникации.нет.
„Кајгана целосно го напушти банер/неделно моделот на продажба на огласен простор и воведе исклучиво таканаречен CPM модел, кај кој цената е за закуп на прикажувања, а не за временски период. Со ова, огласувачите конечно знаат точно за што плаќаат, имаат прецизен увид во текот на нивните кампањи, како и во нивниот ефект. Секој огласувач добива и пристап до системот каде го следи сето ова. А огласни активности ќе можат да се реализираат и со многу помали буџети.“
Дарко исто така најави дека со редизајнот на Кајгана всушност се прави промена на концептот на самиот портал, нагласувајќи дека сега ќе се обрне многу повеќе внимание на локалната содржина.
Целото интервју со Дарко за новата Кајгана 3.0 и за конкуренцијата меѓу порталите во .МК, ќе го прочитате на Комуникации.нет.
Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.