1 коментар 1 мин. читање

Војна на патенти (инфографик)

Патентентирање на некој пронајдок е всушност овозможување на поеднинец или на група луѓе со закон да го материјализираат својот инвентивен труд. Патентите се направени со цел да ги потикнат иноваторите да ги споделуваат своите пронајдоци со остатокот од светот и со тоа да допринесат во понатамошна иновација. Меѓутоа постојат многу компании или индивидулаци кои своите патенти ги користат само за тужење, без намера да вложат во понатамошен развој на патентите. Овие компании или индивидуалци се нарекуваат патент тролови.

Моментално во светот на високите технологии патентите се главната причина за огромните судски постапки кои се водат помеѓу водечките технолошки компании како што се Apple, Samsung, Google и Microsoft. Патентите се единствената причина зошто Google одлучи да плати 12,5 милијарди долари за Motorola Mobility. Патентите се причината за неколку судски постапки против кои Apple ги има моментално поткренато против Samsung.

Компанијата Business Insurance Quotes направи интересен инфографик во кој на интересен и едноставен начин е прикажана историјата на патентите, процесот за аплицирање за патент, кои организации имаат поднесено најмногу патенти, чии патенти се највреди, и многу други податоци поврзани со тужбите помеѓу големите технолошки компании.

Patent Wars
Via: Business Insurance Site

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top