Летната инвестициска програма за Западен Балкан, односно The Western Balkans Summer Investment Program, има за цел да им помогне на технолошките стартапи од Западен Балкан ефикасно да го соберат потребното финансирање во период од девет месеци и, со самото тоа, да изградат глобални бизниси од регионот.
Во интервју за IT Logs, Игор Маџов, ко-основач и инвестициски директор на NEST Venture Studio, дел од NEST групацијата, разговараше за тоа како програмата црпи од искуството од претходните иницијативи за прибирање финансиски средства.
Ова се прави со цел за да се подобро разбере уникатниот пристап со кој стартапите може да обезбедат финансирање. Западен Балкан има многу способни основачи, и сите од нив се одлични технолошки иноватори кои соодветно се справуваат со бројните проблеми, често создавајќи импресивни производи со ограничени ресурси.
Преку двомесечни советодавни сесии и интензивни boot кампови, програмата е замислена да обедини инвеститори, корпорации, ментори и експерти од тимот на NEST. Целта е да им се помогне на стартапите ефективно да допрат до инвеститорите, да се усогласат и да ги постигнат зацртаните инвестиции што е можно побрзо.
IT Logs: Што сака да постигне летната инвестициска програма за Западен Балкан?
Игор Маџов: Летната инвестициска програма е насочена кон технолошки стартапи од Западен Балкан. Главната цел е да им се овозможи да ги заклучат нивните кругови на финансирање во следните девет месеци и да изградат глобални бизниси.
Користејќи го нашето искуство од претходните две програми за прибирање финансиски средства, развивме длабоко разбирање за уникатниот пристап што е потребен за стартапите да собираат средства. Овој регион има смели, способни основачи кои супериорно се справуваат со сите проблеми. Како вистински технолошки магионичари, основачите често испорачуваат производи со ограничени ресурси.
Програмата ќе го поплоча патот за развивање значајни пријателства во регионот и вмрежување со инвеститори, корпорации, ментори и експерти од тимот на NEST. Преку двомесечни советодавни сесии и интензивни boot кампови, стартапите ефективно ќе допрат до инвеститорите, ќе најдат заеднички јазик и ќе ги затворат нивните инвестиции што е можно побрзо“.
Како може стартапите да имаат корист од учеството во програмата?
Основачите често претпоставуваат дека собирањето средства е лесно, но тоа е всушност сложен процес кој бара структурирана методологија, честа валидација и значителна посветеност од основачите. На потежок начин научив дека собирањето средства одзема многу време. Таквото нешто е особено точно за Балканот и „долго“ лесно може да премине во „екстра долго“.
Со обезбедување насоки и усогласување на стартапи со соодветни англели и VC, нашата цел е да го олесниме овој процес и да пружи,е ислови за овозможување на потребните финансии во следните девет месеци. Најголемата придобивка за стартапите кои учествуваат во програмата е споделеното искуство од стартапите кои успешно собраа средства во изминатите 18 месеци. Програмата има за цел да го демистифицира процесот на прибирање финансиски средства и да прикаже дека секоја компанија има соодветна стратегија за собирање средства, барање за прибирање средства, вреднување и сите потребни документи кои ја прават компанијата подготвена за инвестирање.
Учесниците, исто така, ќе добијат вредни повратни информации од професионалци и инвеститори на VC кои служат како ментори, но и корпоративни претставници од мрежата NEST кои помагаат да се потврди деловниот модел и да се поддржат стратегии кои се значајни за пазарот.
И тоа не е се. Обезбедивме одлични поволности и бесплатни услуги за сите компании од нашите партнери од AWS, Zendesk, Hubspot, Notion, Stripe, Microtica, Reaktiv и Finqup.
Можете ли да опишете каква поддршка и ресурси се нудат на стартапите во текот на програмата?
Бидејќи сакавме да привлечеме поголем број стартапи, целата програма ја направивме онлајн, со неколку активности во хибридна форма. Сите стартапи кои ги исполнуваат критериумите ќе пристапат до онлајн платформата за учење и први ќе имаат можност да ги добијат повратните информации.
Програмата започнува со првична проценка за да се утврдат специфичните потреби на секој стартап и моментниот статус. Врз основа на оваа проценка, ја приспособуваме поддршката и ресурсите за да обезбедиме максимално влијание. Стартапите ќе имаат пристап до еден-на-еден менторство. Оваа менторство е овозможено од индустриски експерти кои обезбедуваат персонализирани насоки за рафинирање на деловни модели, финансиски стратегии и презентации. Нудиме серија интерактивни работилници кои покриваат суштински теми како што се инвестициска стратегија, подготовка на документација, валидација на пазарот и тактики за справување на пазарот.
Дополнително, стартапите ќе имаат корист од практични сесиите каде што, преку соодветни вежби, добиваат конструктивни повратни информации од искусни инвеститори и ментори. Правни и финансиски советодавни услуги се исто така достапни за да им помогнат на стартапите да се справат со комплексноста која произлегува од собирањето средства. За олеснета соработка, учесниците можат да користат робусна мрежа на инвеститори, корпорации и колеги претприемачи во текот на програмата.
Временската рамка на активностите е:
- Отворен повик и фаза на пријавување: стартапите можат да се пријават за програмата. Сите избрани компании, кои ги исполнуваат минималните критериуми, ќе преминат во следната фаза.
- Bootcamp за прибирање финансиски средства: Избрани стартапи ќе учествуваат во boot камп во кој ќе учествуваат професионалци од различни области. Опфатените теми ќе вклучуваат фундаментално регионално прибирање средства, креирање инвестициска стратегија, корекции на вреднување и подготовка на клучни документи. Овие документи ќе бидат поставени на платформата VestBee и ќе бидат овозможени за преглед од инвеститорите.
- Преглед и избор на инвеститори: Инвеститорите со пристап до VestBee ќе ги прегледаат компаниите и ќе ги изберат најдобрите 20 стартапи. Овие избрани стартапи ќе добијат приспособена поддршка еден-на-еден од групата NEST, вклучувајќи евалуација на потребите и советодавни услуги за правно структурирање, интелектуална сопственост, стратегија за продажба, пазарна стратегија, финансиско моделирање и финално вреднување.
- Подготовка на просторијата за зделки: Конечните документи, вклучувајќи го финансискиот модел и вреднувањето, ќе бидат доставени до порталот VEST-B за пристап на инвеститорите.
- Завршен Pitching: Програмата ќе кулминира со претставување на нивниот стартап на неколку настани во октомври, вклучувајќи ги How2Web и Matchin Summit, каде што финалистите ќе ги претстават своите потфати. Ќе има и состаноци еден-на-еден со потенцијалните инвеститори за сите учесници во програмата.
Дали има конкретни индустрии или сектори опфатени од програмата или се работи за програма која е отворена за стартапи од различни области?
Како одраз на разновидната и динамична природа на стартап екосистемот во Западен Балкан, програмата е отворена за стартапи од различни области. Сепак, ние се фокусираме на специфични индустрии со значителен потенцијал за раст и се усогласуваме со регионалните сили и глобалните трендови. Тие вклучуваат:
Бизнис и ИКТ: стартапи кои користат информациски и комуникациски технологии за да ги поттикнат деловните иновации.
ВИ и аналитика: компании кои користат вештачка интелигенција и аналитика на податоци за да создадат влијателни решенија.
Fintech и Insurtech: развивања поврзани со нови финансиски технологии и решенија за осигурување.
Паметни градови и дом: иновации насочени кон правење урбани области и попаметни и поефикасни домови.
Industry 4.0 и Prop Tech: стартапите кои се фокусирааат на следната индустриска револуција и технологија за сопственост.
IoT: Бизниси кои интегрираат технологија за да ја подобрат поврзаноста и ефикасноста.
Транспорт и логистика: решенија кои ги подобруваат транспортните и логистичките сектори.
Зелена технологија: стартапи кои се фокусираат на одржливост, обновливи извори на енергија и еколошки решенија.
Agritech и Foodtech: иновации во земјоделството и прехранбената технологија за зголемување на ефикасноста и одржливоста.
Ние сме особено заинтересирани за скалабилни компании кои можат да ги искористат придобивките од регионот и да ги прошират своите операции на глобално ниво.
Што се смета за стартап од Западен Балкан и колку треба да бидат развиени истиот?
Стартап од Западен Балкан се дефинира како стартап со седиште во регионот, стартап кој вклучува земји како Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Во категоријата се опфаќаат и стартапи кои имаат силни врски со регионот и седиште во други земји – нив ги нарекуваме „Стартапи со балкански ДНК“. Овие стартапи мора да покажат значајна поврзаност со локалниот екосистем, дали преку локални основачи дали преку значителни оперативни активности во овие земји.
Вложувањата во рана фаза треба да имаат солидна идеја и почетна привлечност на пазарот, додека поразвиените компании треба да бараат зголемување и привлекување значителни инвестиции. Очекуваме стартапите-учеснички да имаат јасен бизнис модел, одредена почетна валидација на пазарот и да бидат подготвени да се вклучат во ригорозна програма дизајнирана да ги усовршат нивните стратегии, да ја подготват нивната документација и, на крајот, да обезбедат инвестиции во следните девет до десет месеци.
Кои се менторите или советниците кои се вклучени во водењето на стартапи низ процесот на подготвеност за инвестирање?
Нашите чести ментори се поединци кои имаат значително искуство во собирање средства или директно се вклучени во инвестирање во стартапи. Ова го вклучува советодавниот тим на NEST Group и менторите од VC кои го посветија нивнотот време да ги оценат и поддржат стартапите за собирање средства. Имаме и основачи од the founder’s group, основачи кои успешно собирале средства во минатото, обезбедувајќи вредни сознанија и практични совети.
Дополнително, корпоративните претставници се желни да ги потврдат бизнисите и да започнат пилоти со компаниите од оваа група. Имаме на располагање сет на експерти за поддршка на стартапи на специфични теми како што се интелектуална сопственост, правно структурирање, промоција и продажба. Овие области се клучни за стартапите кои сакаат да се прошират надвор од Балканот и да ги искористат ресурсите на регионот за да станат глобални успеси.
Како значајни ментори се истакнуваат искусни инвеститори со долгогодишно искуство во технолошкиот сектор и успешни претприемачи кои собрале повеќе кругови на финансирање. Нивната експертиза, заедно со онаа на другите ментори, гарантира дека стартапите добиваат сеопфатни насоки и поддршка во текот на програмата.
Кои значајни успеси или примери можете да ги споделите од претходните групи на програмата?
Во разбирањето на сложеноста на прибирањето финансиски средства, претходната програма бележи поддршка на повеќе од 90 стартапи. Многу компании првично не беа подготвени за кампања за прибирање финансиски средства или требаше да бидат пофлексибилни. Затоа, нашата програма е дизајнирана да им помогне на бизнисите кои бараат помеѓу 200.000 и 2 милиони евра. Паралелно со ова, се посветуваме на компании кои веќе имаат функционален производ на пазарот или се во фаза на тестирање со клиентите, па сакаат да се подготват за инвестирање.
Имаме значајни примери за компаниии кои успешно собрале средства, како Finqup, CodeWell, Airport Briefing и Konceptiva. Поддржавме други компании, вклучително и Пакет.мк, Reactive и Orea Bazaar. Заедно, компаниите собраа близу до 12 милиони евра алтернативно финансирање. Овие стартапи имаат корист од програмата со рафинирање на нивните бизнис модели, подобрување на нивните стратегии за продажба и потврдување на нивните производи со клиенти кои станаа нивни советници, ментори и инвеститори.
Многу учесници значително го променија својот пристап кон бизнисот преку програмата, што доведе до посилни позиции на пазарот и успешни кампањи за прибирање финансиски средства. Насоките и ресурсите што се обезбедени беа инструментални за да им помогнат на овие стартапи да се движат низ сложениот процес на обезбедување инвестиции и зголемување на нивните бизниси. Нашата цел е да им помогнеме на компаниите заинтересирани за собирање средства во следните девет до десет месеци.