Singular, интернационален iGaming софтвер провајдер и дел од Flutter Entertainment, победи во категоријата за најдобра платформа за онлајн обложување на овогодинешната гејминг манифестација – Malta’s Gaming Excellence Awards (MiGEA). Настанот се одржува секоја година и истакнува компании и професионалци за нивниот придонес кон раст, иновативност и достигнувања во iGaming индустријата.
Ова е втор пат Singular да добие признание од MiGEA, со тоа што компанијата претходно ја освои наградата за најдобар Technology & Media провајдер во 2022. Оваа година, освен наградата за најдобра платформа за онлајн обложување, Singular беше номинирана и во следните категории – ‘Best Gaming Technology Provider of the Year ‘ и ‘Best Omni-Channel Provider of the Year’.
„Чест ни е што добивме толку престижна награда на овогодинешната манифестација на MiGEA. Ова достигнување е уште еден доказ за трудот на тимот и дополнително нѐ мотивира да инвестираме во нашите iGaming платформи, а со тоа и да им овозможиме на брендовите што ги користат да ја задржат својата лидерска позиција на пазарот,“ вели Фил Гарнер, управен директор во Singular. „Горди сме на ова признание и продолжуваме да стремиме кон уште поголем успех за Singular и Flutter Entertainment.“
Singular ја обезбедува Flutter Entertainment со иновативни софтверски платформи и со тоа е дел од Flutter Edge, глобалната и конкурентска предност на Групацијата што се базира на четири фактори: вработени, технологии, продукти и капитал. Ова овозможува огромна размена на знаење и вештини помеѓу тимови, брендови, па дури и дивизии на Групацијата, и им овозможува на нејзините брендови да останат лидери во индустријата преку платформите што ги користат.
За повеќе информации за Singular и отворени работни позиции, посетете ја: https://careers.flutterinternational.com/our-brands/singular/
За Flutter Entertainment plc
Flutter е водечки оператор за онлајн спортско обложување и iGaming низ повеќе пазари на светот вклучувајќи ги и САД. Нашата амбиција е да ja искористиме лидерската позиција на Flutter како и нашиот ‘challenger mindset’ за да ја промениме индустријата кон подобро.
Преку нашиот пристап Changing the Game, веруваме дека можеме да придонесеме кон долготраен раст и да промовираме позитивна и одржлива иднина за сите. Ние сме во можност да го направиме тоа преку Flutter Edge, нашата глобалната и конкурентска предност што им овозможува на нашите брендови пристап до врвни бенефити за да останат лидери во индустријата, како и преку нашата јасна визија за одржливост преку стратегијата Positive Impact Plan на Групацијата.
Портфолиото на Flutter вклучува светски познати брендови во онлајн спортско обложување и iGaming, вклучувајќи ги FanDuel, Sky Betting & Gaming, Sportsbet, PokerStars, Paddy Power, Sisal, Tombola, Betfair, MaxBet, Junglee Games и Adjarabet. Ние сме лидер во индустријата со 12.32 милиони AMPs и £9,51 милијарди фунти приход на глобално ниво за фискалната 2023 година, 25% YoY, и 13.58 милиони AMPs и £2,67 милијарди приход на глобално ниво за кварталот што заврши на 31 декември 2023 година.