Започна WPA3 сертифицирањето за побезбедни бежични мрежи

во Вести

Wi-Fi Alliance организацијата задолжена за надзор на Wi-Fi стандардите започна со имплементација на новиот WPA3 протокол. Организацијата започна со сертификација на уреди кои го поддржуваат новиот безбедносен протокол.

Најголемата придобивка е што хакерите нема да можат офлајн да ја пробијат лозинката со постојано погодување. Или да ја откријат лозинката и да ја искористат за дешифрирање на постари податоци.

Напаѓачот повеќе нема да може повторно да се обиде да ја пробие заштитата офлајн. Ќе има само еден обид и потоа ќе мора да се приклучи на Wi-Fi уредот ако сака да погодува, објасни Verge.

За вториот дел, поточно дури и да ја открие лозинката, напаѓачот нема да може ја користи да дешифрира постари податоци. Лозинката ќе може да се користи за „гледање“ на новиот стрим информации, но претходните ќе бидат безбедни.

Засега ова е прва фаза на имплементирањето на WPA3 како безбедносен протокол. Посериозен напредок се очекува веќе следната година. Сепак имплементацијата ќе биде подолготраен процес и префрлањето ќе трае неколку години. Што се однесува до корисниците, ќе треба да го заменат рутерот со WPA3 рутер. Иако дел од поновите уреди ќе добијат софтверска надградба.

Измените се однесуваат и на приватните корисници, но и на компаниите.

Една од надградбите се однесува на интернет на нештата и полесно приклучување на уредите кои немаат екран. Решението на овој проблем е поставување на QR-код на овие уреди и скенирање на кодот со телефон. Со ова едноставно би се овозможило поврзување на овие уреди на Wi-Fi мрежите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments