Доколку ги следевте насилните протести на две групи демонстранти против и за именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана кои се случија во петокот, односно саботата, тогаш големи се шансите да сте ги гледале немирите преку YouTube видео. Покрај политичките препукувања, протестите беа најсериозните вести викендов, и секој медиум, традиционален или на веб, се обиде брзо да го пренесе хаосот, тепачките со полицијата и палењето на автобусот. Но, никој не го пренесуваше протестот како што тоа го правеа онлајн изданијата и веб медиумите кои го искористија YouTubе во потрага по видеа снимени од мобилните на новинарите или очевидците кои се наоѓаа на местото на протестите.
(видео од Novatv.mk)
[youtube]S3_9yEr83T0[/youtube]
(видео од Libertas.mk)[youtube]j-zvNfnY2To[/youtube]
Македонските медиуми често го преферираат Facebook за мислења од граѓаните или да пренесат статус од политичар или јавна личност. Но Facebook не е дизајниран за да биде извор за вести, туку место за дружба помеѓу пријателите.
Eдна од најактивните македонски онлајн заедници се наоѓа на Twitter. Tаа заедница е заинтересирана за вестите, дури 70 отсто ја користат друштвената мрежа како извор на информации, и се состои од 20 отсто експерти, според истражувањето на Никола Спасов од Рејтинг. За жал, ниту еден медиум не се обиде да ја искористи таа разновидна заедница за да го дешифрира значењето на протестите, и да го демистифицира погрешното мислење дека стотината хулигани што лудуваат, било албански или македонски, се вистинските преставници на двете етнички заедници.
Eве пример како CNN го користи Twitter уште во 2009-та година. Mожеби е време и македонските медиуми да му обрнат поголемо внимание.
[youtube]Ag8p-EKThpE[/youtube]
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.