Жал ни е Анонимни, но Аnonymous не би повикувале на етничка војна

19 коментари 2 мин. читање

Хакери вчера го пробија сајтот на ВМРО-ДПМНЕ оставајќи слики од рози, загинати војници, и пораки преполни со обвиненија дека Албанците сакаат да ја прегазат Македонија, па сега треба да станат луѓето кои израснале со песната „Нашата мила Македонија не одгаила за да ја браниме“.

Националистички хакерски напади не се ништо ново во Македонија, ниту на Балканот. Има премногу омраза помеѓу народите, па секој напад е пропратен со пораки за некаквиси „големи нации“. Но, тоа што е интересно кај овој напад е што на пробиениот сајт на ВМРО е оставена слика со човек која ја носи Гај Фoкс маската, што е симбол на хактивистите Anonymous.

Но, овие Анонимни се далеку од вистинските Anonymous. Еве и зошто. Anonymous се познати хакери-активисти кои потекнуваат од темните делови на интернетот, поточно 4chan форумот, и кои се борат за слободата на интернетот, слобода на корисниците, слобода на говор, и други граѓански слободи. Сите нивни операции имаат препознатлива порака.Тоа не е потписот „ние сме легија, ние не забораваме, ние не опростуваме, очекувајте не“, туку порака која повикува на разбирање и правда.

Овие лажни Анонимни кои го пробија сајтот на македонската партија всушност повикуваат на етничка војна. Велат „Доколку грешиме Господ нека не казни“, велат дека ќе се борат против радикалните муслимански пароли, велат дека „пораснале со партијата“ на која сега и вртат грб… Сите овие пораки се нешто против кое се борат вистинските Anonymous. На шега, со позадински намери, па и ненамерно, хактивистите поставија вистински идеални стандарди. Според нив, да се биде Anonymous e да се бориш против неправдата, а не да стартуваш етнички војни против сограѓаните.

Анонимни, научете нешто. Погледнете документарец на BBC за вистинските Anonymous.

[youtube]Rj35GguOAGE[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

19 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед