Сите сме возбудени за Google Glass концептот, но како е да се живее со вакви научно-фантастични очила? Професорот Стив Ман веќе 35 години е окупиран со идејата за очила со проширена реалност, и како пионир во областа веќе е на четвртата генерација на неговите очила.
„Проектирам, градам и носам некаков облик на оваа опрема повеќе од 35 години. Овие системи се енормно зајакнување. На пример, кога светлата на автомобилот блескаат директно во моите очи во текот на ноќта, јас сè уште може да го направам лицето на возачот јасно. Тоа е затоа што компјутеризираниот систем комбинира повеќе слики направени со различни експозиции пред прикажување на резултатите.“, вели професорот Ман.
За г. Ман, Google Glass е многу понеамбициозен проект отколку системите за компјутерски-посредуван-вид кој го конструирал пред неколку декади. Тоа што е важно со проектот на Google e што ветува популаризирање на оваа технологија, иако г Ман е загрижен дека компаниите не обраќаат доволно внимание на неколку важни податоци. Дури најмало отстапување на сликата ќе предизвика мозокот да компензира и да се обиде да го поправи ова, но состојбата ќе продолжи и отако ќе ги извадите очилата. Друг проблем за кој предупредува г.Ман е дека присилувањето на окото да се фокусира на пораките на дисплејот кој се постојано на исто растојание може да предизвика проблеми поради тоа што левото и десното око се фокусираат на различни точки.
[youtube]P04-E0pNy9k[/youtube]
„Без разлика дали ви се допаѓа или не, видео камерите наскоро ќе бидат присутни насекаде. Веќе ќе ги најдете во многу телевизори, автоматски чешми, детектори за чад и штедливи сијалици. Без сомнение, властите ќе имате пристап до снимките кои се прават, што ќе го проширува веќе големиот надзор. Но, според мене, видеата ќе бидат помалку злоупотребувани ако обичните луѓе рутински носат своја опрема за снимање, така што ќе може да ги набљудуваат набљудувачите.“, вели Г. Ман.
[youtube]ygcm0AQXX9k[/youtube]