YouTube отсега на корисниците точно ќе им покажува каде и зошто се намалува квалитетот на нивната видео услуга. Новиот сајт на Google го објаснува видео преносот и проблемите кои можеби се случуваат додека сервисот го испорачува видеото. Video Quality Report ќе разјасни кои се перформансите на сите интернет провајдери во околината и споредба со провајдерот на корисникот. Извештајот доаѓа со три рејтинзи во кои се рангираат провајдерите: HD Verified – корисниците постојано би требале да добиваат HD видео најмалку 720р, SD – корисниците би требале до добијат најмалку 360р видео без буферирање или прекини и Lower Definition корисниците можат да гледаат видео со резолуција полоша од 360р, а квалитетот на видеото и плејбекот нема да биде на завидно ниво.
Жителите на дел од државите држави за кој е достапен сервисот при секој застој или пад на квалитет во видеото добиваат известување кое овозможува, подетален преглед за тоа од каде доаѓа проблемот. Сличен потег неодамна имаше и американскиот видео сервис Netflix кој известуваше дека „Мрежата на Verizon е оптоварена – прилагодување на видеото за подобар плејбек“. Иако засега нема најави за кога Video Quality Report ќе биде достапен насекаде, Google најави дека работат на тоа да ја обезбедат услугата во повеќе региони.








