Светската пандемија Ковид-15 и натаму продолжува да ги менува навиките на луѓето. Ова веројатно и не треба да биде изненадување со оглед на тоа дека сè уште нема вакцина, ниту вирусот исчезна со летото. Дел од техничките компании веќе се прилагодија и поради пандемијата работат од дома.
Google најави дека неговите вработени, со мал дел исклучоци ќе продолжат да работат од дома уште една година. Вработените во компанијата ќе започнат да се враќаат во канцелариите најрано во јули следната година, пишува Wall Street Journal.
Една од причините за ова е да им помогнат на своите вработени да се справат со новата реалност. Голем дел од вработените имаат деца кои треба да одат на училиште, но за сега не е во целост јасно како ќе се одвива учебната година и наставата.
„Знам дека не е едноставно. Се надевам дека ова ќе ви овозможи поголема флексибилност која ви е потребна да балансирате со работа и грижата за вас и семејството следните 12 месеци“, вели Сандар Пичај, во обраќањето до вработените.
Со ова Google е првата компанија која го промени терминот за почеток враќање во „нормала“. Компанијата ги затвори канцелариите во март и тогаш излегоа со претпоставка дека ќе можат да се вратат во јануари. Ова очигледно не е случај, па по Google и останатите гиганти од индустријата ќе го променат терминот. Што се однесува до Google над 200 000 вработени во компанијата ќе бидат зафатени од оваа мерка. Поради Ковид-19 пандемијата работа од дома не е новост за ниту една компанија. Google, Facebook, Apple, Twitter Microsoft
Интересно е што оваа одлука на техничките компании од Сан Франциско и околината значително влијае и на цената на пазарот со недвижности. За прв пат по подолго време бројот на празни станови во Сан Франциско порасна за 6,2 проценти.