MusicLM е нова вештачка интелигенција од Google која може да компонира музика од внесен текст. Како и останатата вештачка интелигенција корисникот внесува текст како опис, а MusicLM компонира врз база на овој опис. Она што можеби ќе ве разочара (или израдува) е дека Google нема намера да ја направи вештачката интелигенција достапна до корисниците.
Веројатно главна причина поради која вештачката интелигенција нема да биде достапна за јавноста е опасноста од тужби за авторски права. Музиката која ја генерира MusicLM е оригинална, но музиката на која е тренирана не е. Поради ова, постои опасност дека музичките издавачи ќе го тужат Google, или корисниците кои ја креирале музиката.
„MusicLM, од Google сигурно не е првиот генеративен систем за музика со вештачка интелигенција. Имаше и други обиди, вклучително и Riffusion, вештачка интелигенција која компонира музика со нејзино визуелизирање, како и Dance Diffusion, AudioML на Google, и Jukebox на OpenAI. Сепак, поради техничките ограничувања и ограничените податоци за тренирање, ниту една не можеше да произведе комплексна музика или композиција.“, пишува TechCrunch.
Вештачката интелигенција е тренирана на 280 000 часа музика. Ова и помогна да научи да креира песни од опис како: „Саундтрак на аркадна игра. Брз и оптимистички, со риф на електрична гитара кој е лесен за помнење. Музиката се повторува и е лесна за паметење, но со неочекувани звуци, како чинели или тапани“.
Еве уште неколку други примери…
Епски саундтрак со оркестар. Музиката гради тензија, создава чувство на итност. Акапела хор пее унисоно, создава чувство на моќ и сила.
Иако може и да се креира музика и од покуси текстови на пример „swing“:
Во комбинација со вештачка интелигенција која креира опис од слика, MusicLM може да креира и музика врз основа на некоја слика…

За повеќе примери за можностите на MusicLM посетете ја страницата на Github.