Kако генерација што е родена со електронски уред во раце, Gen Z има доста поразлични навики за живеење, комуницирање, учење и работење.
Кога се работи за учењето и начинот на учењето, клучна разлика помеѓу Gen Z и останатите повозрасни генерации е достапноста на информациите.
Кога се работи за повозрасните генерации, порано најголемиот предизвик бил да се дојде до посакуваната информација.
Колку за споредба, до информациите тогаш се доаѓало преку книга во библиотека или пак преку прелистување на весник, и процесот бил и те како долг. За разлика од тоа, денес сѐ е на интернет.
Практичен пример: Доколку сте имале компјутер во деведесетите и сте сакале да инсталирате одредена програма, потребно би било да најдете книга која што го опишува прцесот или да прашате некој пријател. За истиов пример денес, имате мал милион туторијали на YouТube достапни со неколку клика.
Неколку децении подоцна, пак, Gen Z расте и живее со интернетот – а интернетот го промени светот, како и начинот на доаѓање до потребната информација.
Достапноста на информациите се една разлика, а друга разлика, пак, е формата на информациите. Порано информациите во најголем дел биле во пишана форма, а денес информациите се во повеќе форми, вклучувајќи текст, слики и видеа.

Учење на далечина
Благодарение на интернетот, работењето на далечина, а со тоа и учењето на далечина стана општо прифатливо. Технологијата е една од работите која што им оди од рака на речиси секој еден од Gen Z, па така тие се првата генерација која што почна да учи на далечина, бидејќи водено тие се и првата генерација која што имаше техничка можност за истото.
Флексибилно учење
Учењето на далечина или практично кажано “учење од секаде” носи доста бенефити, но и неколку негативни ефекти. Техничкиот дел е посилната страна на оваа генерација, но максималното време за интерес на одредена содржина се движи од 8 до 12 секунди.
Учењето преку видеа туторијали, каде што има можност за стопирање и повторување на одреден дел од самото видео, е начин кој што се покажува како поуспешен од следење час во класична училница.
Учење на интернет и LLM модели

Освен учењето преку видеа туторијали и други разно разни платформи за учење на интернет, последнава година голем замав земаат и големите јазични модели како ChatGPT.
ChatGPT и останатите LLM модели нудат навистина ново искуство за учење и детално објаснување на одредена тема. Функционалноста да врати детален одговор на поставено текстуално прашање воопшто не е мала работа и помага многу при учењето.
Покрај враќањето на детален одговор, овие модели се и доста брзи, што дополнително придонесува кон и така брзото наоѓање информации на интернет. Времето потребно за пишување на текст во пребарувачот па одбирањето на соодветниот линк од веб-страница, каде што потенцијално треба да се наоѓа потребната информација, сега се заменува само со внесување на prompt (давање команда) во LLM моделот.