Американскиот Yelp го купи својот најголем конкурент во Европа, Qype за 50 милиони долари. И двете компании се фокусирани на друштвените мрежи и пред се да споделуваат кориснички препораки и рецензии распределени околу локациите кои се пребаруваат.
Qype е етаблиран во Германија и Велика Британија, а не е занемарливо неговото присуство во целиот дел на централна Европа, но и во делови на источна Европа. Како што пишува All Things Digital, Qype ќе помогне за зголемување на довербата на Yelp во деловите од континентот каде прв избор до сега беше германскиот стартап.
Нестрпливоста или неможноста на Yelp да го исфрли Qype од првото место во Европа ќе го чини Yelp 50 милиони долари. Сега Yelp би требало да има 93 милиони посетители (15 милиони од Qype) и 32 милиони корисници кои ќе пишуваат препораки.
Со оваа аквизиција Yelp од сега ќе биде присутен и во Македонија, ако ништо друго преку досегашните препораки од Qype.







