Microsoft на 26 октомври, во петок, официјално ќе го објави Windows 8 и веќе во крајни подготовки се апликациите кои ќе се претстават со новиот „metro“ изглед. Својата надградба веќе ја направија доста апликации, а веќе официјално достапен е и Google Search за Windows 8.
Со оваа апликација на Google, корисниците на Windows 8 директно од својот првичен екран ќе може брзо да пристапуваат и да ги користат услугите на интернет пребарувачот. Инсталацијата е едноставна и ќе потрае само неколку секунди, а на почетокот ќе добието и кратко упатство за како се користи Google Search. Исто така, апликацијата е оптимизирана и за допир и за тастартура и глувче, во зависност од уредот што го користите.
Преку Google Search ќе можете да го користите стандардниот пребарувач од Google, сите сервиси на Google кои се групирани на една страница, YouTube, Google Maps, како и гласовното пребарување.








