ЕУ поднесе официјална тужба против Microsoft зaради доминантниот Internet Explorer

во ИТ.ЕУ

Европската Комисија и официјално му испрати жалба на Microsoft. Жалбата се однесува на недостатокот на волја за гигантот да ги почитува одлуките на Европската комисија врзани со доминантноста која ја има Internet Explorer, пред останатите прелистувачи. Само минатиот месец Microsoft рече дека недостапноста на изборот за прелистувач се должи на „техничка грешка“. Поради таа грешка 28 милиони PC-ја со Windows 7 Service Pack 1 не го добија тој избор.

„Ставот на Европската Комисија е дека Microsoft не успеа да издаде избор за прелистувач со Windows 7 Service Pack 1, кој беше издаден во февруари 2011 година. Од февруари 2011 до јули 2012 година, милиони корисници на Windows во ЕУ не можеа да го видат екранот за избор. Microsoft призна дека корисниците немале  екран за избор во тој период.“,  стои во соопштението на Европската Комисија.

Жалбата се однесува на периодот од 2009 до 2014-та, период од пет години за кој Microsoft најави дека ќе овозможи екран за избор на прелистувач. Екранот треба да биде информативен и реално да им ги прикаже предностите на прелистувачите на корисниците. Со ова тие би можеле да направат избор наместо да го користат Internet Explorer, пред се затоа што е достапен со самата инсталација на Windows.

По формалното поднесување на жалбата следи период во кој Microsoft може да ја обжали одлуката, и тоа може да го направи писмено или да бара сослушување, по ова Европската Комисија ќе ја донесе конечната одлука. Доколку биде прогласен за виновен максималната казна која може да ја плати Microsoft е 10 отсто од вкупната годишна заработувачка или 7,6 милијарди долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
petarpan
petarpan
13 years ago

ај сега и една тужба према Apple поради што и они немаат избор за прелистувач, и уште една тужба за тоа што на нивниот хардвер мора да има нивни оперативен систем!!!!!