The Good Life е игра која релативно успешно жонглира неколку жанрови

На многу начини, The Good Life е игра како ниедна друга, уникатен продукт за кој, доколку решите да инвестирате повеќе време, или ќе го сакате до бесвест или апсолутно ќе го мразите. Полека, но сигурно, ние се најдовме во првата група. За брзо време бевме импресионирани од откачената приказна која никако не сака да се сфати сериозно, интересните механики со кои се трансформирате во мачка или куче, можноста да јавате овца, или да заработувате така што правите најразлични фотографии.


Во The Good Life играте со Најоми Хејврд, девојка која се дави во огромен долг и на која ѝ се има пружено уникатна можност да го одработи долгот така што ќе се инфилтрира во најсреќното место во светот и ќе проба да ги открие мрачните тајни на населението. Она што наликува на симпатична и лесна симулација, набргу преминува во впечатлива авантура каде е потребно да решите мистериозно убиство, а и да се помирите со вашите ново-откриени способности. Иако често посакувавме да има целосна гласовна поддршка на дијалогот, The Good Life сепак се покажа како игра со солидна и непредвидлива приказна, особено при крајот.

Во The Good Life имате огромна слобода. На фановите на Life Simulation жанрот, би им било мило да чујат дека можат да собираат најразлични работи, да садат и одгледуваат култури, да готват работи, да ја проверуваат електронската пошта, како и да ја уредуваат куќата со најразличен мебел. Згора на тоа, фотографиите кои ги правите можете да ги поставувате на сајт и да заработувате импресивна сума од пари.

Тука некаде, играта зазема натприродна димензија и ви дозволува да се трансформирате или во мачка или во куче. Како мачка можете да трчате побрзо, да се качувате на ѕидови или да се борите со непријатели. Како куче, пак, можете да следите најразлични мириси, а и уште една работа за која кучињата се експерти, особено кога ќе наидат на некое дрво. :)

The Good Life знае да биде тешка пилула за голтање во 2021 година. И покрај симпатичната и живописна графика, често се забележува доминирање на застарени текстури во ниска резолуција, а движењата, намерно или не, се исклучително „стегнати“ и неанимирани. Од гледната точка на гејмплејот, The Good Life знае да фрли еден куп работи врз вас и едноставно да не можете да подигнете глава од бројни секојдневни обврски, не исклучувајќи ја и механиката да се задоволат одредени потреби како глад, здравје и замор.

Дополнително, за едни квестови не сте сигурни како да ги решите, а за други мора да чекате да биде одредено време во денот. Прогресија за трети квестови, пак, стапува на сила само откако ќе соберете доволно материјали за да отклучите одреден костим. Овие работи, бргу сфативме, или не се доволно добро прецизирани или пак се исклучително здодевни и често бараат фрустрирачко патување од една до друга точка.

Ова никако не ја прави The Good Life лоша игра, но ваквите механики дефинитивно нема да ја освојат пошироката публиката и бараат гејмери кои ем имаат повеќе време ем се спремни за одредени компромиси. Во спротивно, ќе се најдете себеси како ја бришете играта и никогаш повеќе не помислувате на неа. Искрено се надеваме дека не припаѓате на втората група, затоа што зад површината на The Good Life се крие исклучително шармантен и комплексен продукт на интерактивна забава.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments