Sony претстави нов уред кој делува како доказ за концепт уред. Xperia Touch е своевиден проектор кој овозможува креирање на интерактивна површина, екран на допир од секој рамен простор. Големината на површината која може да се користи е помеѓу 58 и 203 сантиметри, јави Liliputing.
Станува збор за ласерски проектор кој масите ги претвора во место за играње и цртање, ѕидовите во телевизори или екрани за Skype, а масите за готвење можат да прикажат прелистувач и рецепти. Уредот доаѓа со 3GB RAM меморија, 32 GB eMMC меморија. Работи со Android Nougat и може да „пушта“ Android апликации, игри, Skype видео разговори, па дури и да стрима игри од PlayStation 4.
Ова не е првиот уред кој го овозможува ова и досега сме виделе куп слични уреди од светилки со сензор до слични проектори. Сепак, за разлика од сите уреди досега, Xperia Touch е далеку поисполиран. Оваа исполираност не доаѓа евтино, Xperia Touch чини 1500 евра. Ова можеби и не е премногу со оглед на тоа дека површината е замена за огромен телевизор на допир кој го користат компаниите за презентации, а чини и повеќе од ова.







