Валутите се менуваат постојано, а следењето на сајтови со курсни листи може да ви помогне само за да ги видите вредностите, но не и да пресметате колку евра се колку британски фунти, индиски рупии или македонски денари. Но, постои решение. Се работи за мобилната апликација XE Currency која е достапна за iOS, Android, Blackberry, Windows Phone и Windows 8 и декстоп.
Aпликацијата е бесплатна и содржи листа од сите светски валути кои се пресметуваат веднаш. Потребно е да додадете валута која ве интересира и ќе можете веднаш да пресметата колку се 16 евра во денари, долари, британски фунти, австралиски долари, јени, рупии … има над 180 валути.
XE Currency има вграден дигитрон со основни математички функции. На пример, откако ќе пресметате дека 2 чаја се 6 евра заедно со 2 супи од по 12 евра или (2×6)+(2×12), и ќе ја добиете вредноста во сите валути во кои ги следите. Најинтересно е што само со потресување на телефонот го ресетирате бројот, враќајќи ја вредноста на 1.
Апликацијата се користи офлајн, но треба да закачена на интернет за да ги добие најновите вредности, кои доколку сте онлајн, ги проверува на неколку минути зависно од подесувањето.









