Facebook полека се откажува од својата виртуелна валута стартувана пред три години. Сега „откако сите апликации си имаат своја виртуелна валута“ друштвената мрежа размислува да овозможува плаќање и претплата со локална валута што ќе „го олесни купувањето, ќе донесе флексибилност и полесно ќе се дојде до глобална публика.“
Facebook Credits кој се обавезни да се користат како валута од секоја апликација, со која корисниците можат да купуваат виртуелни добра, ќе изчезне до крајот на годината. Ќе биде заменета со локалната валута, односно во Македонија ќе може да се купуваат виртуелни добра и ќе се плаќа за претплати со денари.
Facebook во суштина нема да изгуби ништо. Го заменува својот проект со попрактичното решенија кое ќе му донесе повеќе пари. Во 2011 скоро 15 отсто од 3-те милијарди кои ги направи Fаcebook дојдоа од Facebook Credits потрошени во друштвените игри. А како расне таа индустрија и навиките на корисниците, така ќе раснат и приходите. Затоа најлогичното решение е да се олесни трансферот на пари.
Според TechCrunch, со оваа промена можно е Facebook да стане финансиски играч како PayPal. Facebook е платформа преку која лани 15 милиони корисници купиле Credits за да ги искористат во апликациите. Со App Center сега се добива полесен пристап до нови апликации, како на десктоп така и преку мобилните платформи, и се очекува околу 50 милиони корисници да ги достават своите кредитни картички за да можат да купуваат.
Од тука, само прашање на време е кога ќе видиме „Плати преку Facebook”. Facebook веќе ги има сите наши лични информации, зошто да не му ги предадеме и финансиите, па со само едно корисничко име да може да споделуваме и купуваме од било каде?







