2 коментари 2 мин. читање 19 септември, 2014

Wounded сака да биде првата македонска хорор видеоигра

Wounded е име на македонска видеоигра која е во изработка од Workbench studios, основано од петмина средношколци – Бојан Веселиновиќ,, Тимоти Глигоров, Кинан Вудал, Сергеј Спировски и Мартина Баракоска – кои го користат слободното време за работа на играта. Wounded е нивна прва игра од survival horror жанрот, инспирирана од Outlast, која е омилена игра на сите членови на студиото. Wounded е на почетокот на своето креирање – објавен е само трејлер – и многу од работите кои ги гледаме на најавата ќе бидат променети до финалната верзија. Сепак не се сомневаме дека атмосферата е погодена за ваквиот жанр на игри. Според плановите кои сè уште се менуваат, Wounded би можеле најрано да ја видиме наесен следната година.

„Играчот е во улога на протагонистот во играта, татко кој враќајќи се околу полноќ од фамилијарно патување со неговата ќерка, останува без гориво на сред автопат. Со оглед на тоа дека имате испиено повеќе, враќањето кон безнинската станица која сте ја поминале ви изгледа најдобра идеја. Како што се приближувате до бензинската станица на кратко ги затворате очите, се удирате. Кога се будите забележувате дека ќерката не е со вас. Покрај малата повреда и тоа што се ви се мати сепак, тргате да ја пронајдете ќерката. Полека почнувате да сваќате дека работите околу вас повеќе не се како што изгледаат…“, вели Бојан, еден од основачите на Workbench studios.

[youtube]gcbQB0HMYSk[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Оптимус
Оптимус
11 years ago

Браво за дечкиве, но треба нешто оригинално не Silent Hill приказна

Мени
Заедница
Изглед
To top