Google сака да биде компанија која ќе прави футуристични градови и аеродроми

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Визијата на Лари Пејџ за иднината на Google е компанија која ќе креира градови и аеродроми, јавува Information. Желбата на директорот и основачот на Google е да гради поефикасни аеродроми од сегашните и нови модели на градови на иднината.

Иако засега фокус на компанијата се обезбедување на Интернет за сите на планетава, автономни автомобили, Google Glass и роботи. Но за иднината на компанијата г. Пејџ размислува за уште поголеми проекти. За оваа цел тој предлага отворање на втора лабораторија по примерот на таинствениот оддел Google X кој ги направи Project Glass и aвтономното возило. Новата лабероаторија Google Y ќе работи на подолгорочни проекти, можеби проекти како „space elevator“ ќе бидат префрлени во оваа лабораторија.

Проектите на кој би работел вториот оддел на Google би немале комерцијална цел, барем во прво време. Еден од проектите кој подолго време ги заговара г. Пејџ е и замена на лозинките со паметни часовници и бразлетни кои би се користеле како замена за идентификација, па дури и нивно користење во продавниците налик на тоа што Apple го прави со Apple Pay.

[youtube]mArrNRWQEso[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk