Овој викенд низ Скопје и Тетово ќе помине конвој на електрични автомобили. Конвојот чија цел е да ги претставие електричните возила, започнува од Загреб, поминува низ Хрватска, Србија, и од Белград оди до Ниш, Скопје, Тетово и преку Тирана, и подоцна Босна и Херцеговина го завршува кругот. Во Македонија ќе престојуваат преку викендот, од 20 и 21-ви септември, каде ќе има и јавна презентација на возилата – во сабота на Плоштад Македонија во Скопје и во недела на плоштадот во Тетово.
Конвојот е иницијатива на претприемачот Саша Цветојевиќ кој доаѓа во Скопје како дел од Startup Weekend Skopje. Поркај најпопуларниот електричен автомобил Tesla Model S кои е во негова сопственост, во конвојот доаѓаат и електрични автомобили од Toyota, Nissan, Citroen и од хрватскиот стартап Rimac Automobili кој доаѓа со хибридниот моторцкл Greyp Bike.
Иницијативата треба да биде доказ дека електричните автомобили се атрактивни и во регионот, и да се побијат митовите дека се скапи возила кои не можат да поминат долги рути без долго полнење. Во реалноста, некои од возилата се полнат за неколку часа, и поминуваат по стотици километри безшумно бидејќи електричниот мотор не произведува гласен звук. Сепак главна цел е да се соберат иноватори, инвеститори и претприемачи кои се инспирирани од делата на Никола Тесла и во чест на неговото наследство да помогнат во реализација на иднината како што ја замислувал еден од најголемите иноватори.
Покрај промоцијата на возилата, ќе има и две натпреварувања за иновации. Едно e „Design your next Tesla EV” на кое се бараат најдобри дизајни за електрични возила, со награда од 1.000 евра, и промоција на дизајнот во Tesla Motors. Второто натпреварување е „The Next Tesla Thing“ на кој ќе се поделат 5.000 евра награди за најдобрите бизнис идеии, со можност за инвестициски гранд од бизнис ангели.
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.