0 коментари 3 мин. читање 13 септември, 2023

WordCamp Скопје ќе се одржи на 14-ти октомври

WordCamp е конференција која се фокусира на сè што е WordPress. WordCamp се неформални настани организирани од заедницата на WordPress корисници која опстојува 20 години. На конференциите присуствуваат сите поврзани или ентузијастички настроени кон WP еко-системот. Овие настани имаат голем придонес за целата WordPress заедница и се одлично место за добивање нови искуства, познанства и знаење. 

Во Македонија, по трет пат, WordCamp Скопје ќе се оддржи во просториите на универзитетот ФОН на 14-ти и 15-ти октомври. Билетите почнуваат од 20 евра по учесник.

Oваа година кампот ќе понуди разноврсна содржина, можност за споделување на знаења, запознавање на луѓе и градење на посилна локална WordPress заедница.

Практично, кампот нуди можност за учење, споделување на искуства со искусни девелопери и можност за вмрежување и запознавање на истомисленици. За прв пат, освен веќе познатиот камп за возрасни, ќе се одржи и камп наменет за  деца, за сите љубопитни умови на новата генерација. Сите дополнителни информации, како билети, повици за предавачи и спонзори можете детално да ги најдете на https://skopje.wordcamp.org/2023/

За прв пат – WordCamp за деца

WordPress за деца ќе биде фокусиран со запознавање на заедницата и можностите што таа ги нуди. Главната идеја е децата да добијат визија и слика за иднината што доаѓа работејќи ја оваа работа. Но, поважно, децата да се запознаат со вредноста и користа на технологијата и нејзината секојдневна улога во нашите животи. 

Почетоците на WordPress 

WordPress првично беше создаден во 2003 година од Мет Муленвег и Мајк Литл како дел од постоечкиот софтвер за блогирање наречен b2/cafelog. Целта беше да се развие корисничка и достапна платформа за блогерите. Тие решија да го направат софтверот да биде со отворен код, дозволувајќи им на другите да придонесат во неговиот развој и да ги прошират неговите способности. 

Photo by Unsplash

Првата верзија на WordPress, позната како WordPress 0.7, беше објавена во мај 2003-та година. Брзо се здоби со популарност поради неговиот интуитивен интерфејс, лесниот процес на инсталација и можноста за прилагодување на темите и додатоците. Со текот на времето, платформата еволуираше и се прошири надвор од блогирањето, станувајќи полноправен систем за управување со содржина (CMS) кој се користи за различни типови на веб-страници. 

Прочитај повеќе на тема WordPress:

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top