0 коментари 2 мин. читање 13 септември, 2023

qBittorrent е едноставен, но функционален клиент за торенти

Низ времето, пишувавме за најразлични клиенти за споделување торенти. Во морето од клиенти, особено се за пофалба Deluge или BiglyBT, како и Transmition, но доколку не сте задоволни од нив и барате некоја друга алтернатива, тогаш би можеле да ги проверите потенцијалите на qBittorrent.

qBittorrent е еден од ретки клиенти кои се осмислени првенствено да му служат на корисникот. Имено, се работи за целосно бесплатна алатка, без р од реклами. Опериран од какви било малициозни апликации, qBittorrent на брз и лесен начин ќе ви дозволи да споделувате (легални, се разбира) торенти.

Поголем број корисници не би биле баш импресионирани од застарениот интерфејс, но она што го има на понуда е апсолутно функционално и без значајна негативна забелешка. За пофалба е и тоа што волонтери константно работат на подобрување и често имате на располагање надградби.

qBittorrent подржува 75 јазици, а македонскиот е еден од нив! Подразбирливо, тука е и српскиот, хрватскиот, или албанскиот.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top