Дали понекогаш посакувате да можете да му кажете на будилникот „Разбуди ме за 10 минути?“. Наскоро благодарение на напорите на Wit.ai, будилникот и останатите паметни уреди во вашиот дом можеби ќе ве разберат. Стартапот работи на имплементација на систем кој треба да допринесе домашните апарати, поврзани на „Интернет на нештата“, да можат да препознаат едноставни гласовни команди. Системот е наменет за помалите компании кои за разлика од Google, Apple или Microsoft не можат да си дозволат развој на софтвер како Siri, Google Now или Cortana.
Целта на Wit.ai е на уреди кои доаѓаат со минимален дисплеј, па дури и без него, да им овозможат интеракција со корисниците. Командите ќе бидат основни и едноставни, на пример „разбуди ме во 6“ или „стартувај ја печката“. Од компанијата велат дека 4.600 развивачи веќе ги користат нивните услуги, а студент од Унивезитетот Ватерло веќе го искористил API-то за додавање гласовни команди на тостер и на микропечка, пренесува Technology Review.
Стартапот работи на додавање на поддршка за повеќе јазици и се надеваат дека наскоро со поголемиот број на податоци кои се додаваат на системот ќе стане подобра. Сервисот е бесплатен, но треба да ги споделите податоците кои ги добивате со Wit.ai, со оглед на тоа дека процесирањето на гласот е потпомогнато од краудсорс податоци, се чини дека станува збор за фер размена.
[youtube]UXdybbdOZj0[/youtube]







