Апликацијата за разменување на пораки која во текот на минатата недела се поврзуваше со Google, WhatsApp руши рекорди. Извршниот директор на WhatsApp, Јан Коум, изјави дека го надминале Twitter во бројката на месечно активни корисници.
WhatsApp беше стартувана во 2009-та година, а денес е една од најкористените во својата област. Месечно има 200 милиони активни корисници, а во текот на еден ден се испраќаат 12 милијарди пораки, и се примаат околу 8 милијарди примени. Интересен феномен е тоа што младите полека ги напуштаат Facebook и Twitter, и се префрлаат на WhatsApp кој им нуди бесплатно разменување на пораки, што за некои е и единствена причина зошто ги користат овие друштвени мрежи.
WhatsApp ќе започне своите услуги да ги наплаќа 0,99 долари/годишно, што ќе покаже дали бројката на корисници ќе остане иста или ќе се намали. Сепак, доколку гледаме за било кој стандард во светот, овие 0,99 долари не претставуваат голем трошок за корисниците, додека компанијата би можела да добие голема заработувачка.
„Постојат многу бизниси кои не користат реклами – нафтата, водата… Ние сакаме да бидеме еден од нив. Нашата стратегија за заработка е едноставна. Еден долар на година. Ние сакаме да имаме добар продукт и добро корисничко искуство“, вели г. Коум.







