0 коментари 2 мин. читање 17 април, 2013

Погледнете го iSteve, сатиричниот филм за Стив Џобс од Funny or Die

Порталот за хумор и сатира, Funny or Die го објави своето најдолго видео. Се работи за iSteve, сатиричниот филм за основачот на Apple, Стив Џобс, кој почина во октомври 2011-та година. Филмот е полесна и комична верзија на биографијата на култниот основач. Сценариото е напишано за три дена со мало истражување на Wikipedia.

„Во вистински интернет стил, овој филм не е базиран на некое си истражување, туку е напишан според брз поглед на тоа што Wikipedia вели за Стив Џобс. Смешен филм е, но е за целиот негов живот.“, вели Рајан Перез, сценарист и режисер на iSteve.

Во сатиричната комедија на Funny or Die, улогата на Стив Џобс ja игра Џастин Лонг, истиот глумец кој ги претставува корисниците на Аpple во рекламите за Mac vs PC. Ko-основачот Стив Возниак го глуми Џорж Гарција кој е попознат по својата улога во популарната телевизиска серија Lost. Ова е првиот филм за г. Џобс од неколкуте најавени. Најмногу очекувања му се посветени на малку посериознaтa биографија јOBS во која Ештон Качер го глуми култниот иноватор. Оваа верзија ќе ја има својата премиера наредниве викенди.

iSteve може да го погледнете на сајтот на Funny or Die.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top