Voidwrought e уште една забавна Metroidvania-инспирирана игра

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Во последно времe забележуваме сѐ повеќе и повеќе игри со препознатливи Metroidvania примеси. Последниве месеци, пишувавме за бугарската Marko: Beyond Brave, за уникатната Noreya: The Gold Project, како и за феноменалната Prince of Persia: The Lost Crown! Во морето од квалитетни игри, на површината испливува и чедото на студиото Powersnake. Преку дводимензионална акција која е потопена во рачно-нацртан универзум, Voidwrought се залага да понуди незаборавно искуство во кое, полека, но сигурно, станувате несопирлива сила.

Мрачна посвета

Voidwrought е игра која почнува со исклучително ограничени можности. Ликот со кој играте располага со еднолични напади, скокање и привремено „претопување“ во материја која е корисна за поминување низ мали процепи. За подобро навлегување во мрачниот универзум, ова е сосема доволно. Тие почетни моменти се резервирани за истражување на светот, магичните пролази кои ве водат на нови места, уништување на непријателите, собирање корисни ресурси и умирање. Како и сите Metroidvania инспирирани игри, така и Voidwrought знае да биде предизвикувачка. Во ниеден момент, меѓутоа, не почувствувавме дека тежината е нефер и секоја намалување на здравјето беше поради наша невнимателност и задоцнети рефлекси.

Како поминува времето, така дознавате сѐ повеќе за светот, непријателите и моќите околу вас. Ваквиот лор се сервира преку кратки, но внимателно осмислени текстови низ кои доаѓате низ мапите. На секоја од локациите е посветено многу труд и секоја наредна локација е поинтересна од претходната. Истото би можеле да го кажеме и за непријателите. Секој од нив се одликува со серија од движења и напади, но откако ќе научите како се движат, предизвикот значително се намалува. Босовите од друга страна се вистински празник за сетилата. Секој од босовите е уникатен не само во поглед на изгледот, туку и во механиките кои ги користи преку вас. Верувајте кога велиме дека се потребни брзи рефлекси и правилно користење способности.

Кога сме кај способностите, Voidwrought е една од ретките игри кои ви дозволува органско и паметно отклучување на бројни способности. Низ целото патување наидувате на моќни реликти и души кои значително го менуваат вашиот стил на играње. Можете да користите најразлични офанзивни и дефанзивни магии, како и да се движите низ мапите користејќи несекојдневни, но крајно забавни методи. Како што набргу ќе откриете, голем дел од работите што ги правите се за да се зголеми влијанието и моќтта на вашиот култ. За таа цел, ќе работите на проширување на вашето светилиште, зголемување на бројката на вашите следбеници, но и откривање нови тајни и награди.

Voidwrought е длабока и забавна игра во која имате над 50 реликти и души. Уникатните моќи кои произлегуваат од нив ги користите за справување со седумдесетина непријатели и единаесет босови. Сево ова се пласира во еден преубав рачно-нацртан свет во кој доминираат флуидни борбени механики и динамични звучни ефекти, допринесувајќи до брза, непредвидлива и адреналинска акција.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Powersnake
  • Жанр: Kwalee
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 24 октомври 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments