Во првото тримесечје на 2019 година пораст на ransomware исплатите од 90%

Статистиката покажува дека во првото тримесечје на 2019 просечниот откуп од ransomware е зголемен за 89% во однос на претходното тримесечје. Средната вредност на дневниот откуп во овој период е 12 762 долари; во претходното тримесечје оваа вредност е 6 733 долари, вели на својот блог безбедносната компанија  Coveware.

Омиленото средство за исплата на откупот е без промени, во најголем дел е исплаќан во биткоин. Податоците на Coveware доаѓаат единствено од жртви кои се охрабриле или немале што да загубат и го пријавиле пробивањето на заштитата.

Најголема причина за порастот е малициозниот софтвер Ryuk. За Ryuk во просек се бараат дури  288 000 долари по напад.  Другите алатки се значително поевтини и нивните корисници од жртвите барале 10 000 долари за враќање на податоците. Секако жртвите на нападите со Ryuk се одбрани и таргетирани компании кои за враќање на своите податоци се подготвени да платат поголеми суми.

Во просек стопирањето на работата поради ransomware напад трае 7,3 дена, и во просек во овој период жртвите изгубиле 64, 645 долари. Ова се податоците за првото тримесечје на 2019.

Ако може да се каже дека има добра вест тоа е дека и напаѓачите ја зголемиле својата ефикасност. По исплаќањето на откупот испраќаат алатка за декрипција која во просек враќа 96% од криптираните податоци, пораст од 3% во однос на претходната година. Изгубените податоци се должат на самиот процес на криптирање во кој се губат податоци. Од самиот ransomware што се корист зависи и успешноста на враќање на податоци.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments