Излезе втората For the King, но дали е достоен наследник на оригиналната игра?

Во 2018 година, For The King беше една од најсимпатичните инди игри и успеја да ги импресионира гејмерите со шарелнолика графика, интересни turn-based стратешки механики во отворен свет полн со лор. Сосема очекувано, гејмерите на Steam ја опсипаа со 88% позитивни рецензии и ги преколнуваа девелоперите за продолжеток.

После цели пет години, развојното студио IronOak Games конечно ја објави For The King II, но играта не успева да ги освои фановите и за само недела дена успеја да присобере само 62% позитивни рецензии. Во оваа прилика, сакаме на кратко да ги запознаеме нашите читатели со For the King и да пробаме да видиме во кои аспекти потфрлува втората игра, се со цел да го одговориме ултимативното прашање:

Дали е For the King II игра за вас?

For the King II е стратегија која комбинира roguelite елементи со tabletop механики. Преку целосно нова кампања, која можете да ја искусите сами или со до четворица играчи, ќе патувате низ огромниот свет на Фарул и, позајмувајќи ги силите на бројни стари и нови херои, ќе пробате да ставите крај на кралицата Росомон и нејзиниот тирански режим.

Доколку сте ја играле првата For the King, тогаш многу работи ќе ви се добро познати во двојката. Слично на оригиналот, навлегувате во процедурално-генерирана мапа и, преку запазување редови, ја започнувате 30 часовната кампања, која е поделена на 5 засебни авантури. Поразот е дел од играта и откако, порано или подоцна, вашиот тим ќе биде поразен, ќе можете да започнете нова игра, но втората игра ја започнувате значително посилни од претходната.

Во преубавиот свет навлегувате со тим кој го извлекувате од 12 уникатни класи. Секоја од класите има уникатни способности и една класа се игра значително поразлично од останатите. Ова, во комбинација со процедуралната генерација и roguelite елементите, пружа висока вредност на преигрување.

Навистина делува како достоен и забавен продолжеток, нели? Зошто тогаш, играта седи на Steam со значително помалку позитивни рецензии? Првенствено поради бројните багови кои гејмерите ги искусија првиот ден. По се изгледа, For the King фановите се исклучително страствени и уште во првите денови побрзаа да го нападнат студиото и баговите кои ги спречија правилно да ужуваат во играта. Паралелно со ова, некои од гејмерите заборавија дека се работи за игра со roguelite елементи и дека е замислено често да умирате во играта, па, можеби, нефер проценија дека одредени делови со тежината се несоодветно избалансирани.

Во првите 24 часа, меѓутоа, IronOak Games побрза да ги исправи поголемиот дел од баговите и константно исфрла нови закрпи за да го направи искуството што е можно пофлуидно. Дури и побрзаа да исфрлат мапа со планови за идна работа на играта, ветувајќи бројни содржителни закрпи пред и по новата година, како и нови бесплатни и платежни додатоци. Нивната цел е вистински да се посветат на играта и да понудат што е можно подобра игра за фановите.

For The King II е забавен продолжеток полн со шарм и предизвик

For The King II не е игра за секого и е првенствено осмислена за поспецифична група на стратешки гејмери кои се спремни да навлезат во наслов кој комбинира и размрдува елементи од повеќе жанрови. Развојното студио се чини дека е целосно посветено на играта и, знаејќи ја нивната историја, сигурни сме дека од тука-натаму може да биде само подобро.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: IronOak Games
  • ИздаваCurve Games
  • Жанр: Turn-based стратегија со roguelite елементи
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 2 ноември 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk