Вистиномер.мк ги споредува ветувањата со остварувањата на партиите

во ИТ.МК

Алатката во моментов ги има само ветувањата од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бидејќи, како што велат од фондацијата, тие се на власт во моментов. Но, во наредната фаза на сервисот, која е после парламентарните избори, ќе се додадат и другите партии.

„Вистиномер ќе продолжи да функционира долгорочно и ќе го следи остварувањето на предизборните ветувања на победниците на изборите 2011 (кои и да се), како и изјавите на политичарите кои може да се класифицираат како ветувања меѓу самите избори.“

Вистиномер.мк не навлегува којзнае колку во деталите на ветувањата. Има само кратко објаснување со секое ветување, во случај доколку е оценето како делумно или целосно исполнето. Но, како дополнување на објаснувањето има линкови до вести од разни медиуми кои се во контекст со ветувањето. Пример, ако ВМРО ветило Кампања за борба против пороци, на тоа е додадено кратко објаснување што е направено и линк до текст од МИА што покажува дека имало промоција на кампањата.

Тоа што е интересно е што сега веб алатката конечно ќе овозможи информации за сите ветувања и остварувања што дефинитивно ќе помогне во постојаните политички дебати пред камери или меѓу пријателите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Ace
Ace
15 years ago

Metamorfozis ne e nisto povekje od peralna za pari. Ako eden Filip moze da raboti tamu, nikakov komentar ne e potreben.

Боки
Боки
15 years ago

поголема глупост од ова здравје
користете го времето да создавате нешто креативно…

Томе
Томе
15 years ago

па ги имаи старите програми. нек ги побараат одпартиите. да видиме што ветиле. и каква сигурност дека по 5 јуни ќе има други партии. аман веќе од глупостиве од сорос. народ не пие нафта

Vladimir Dimitrov
Vladimir Dimitrov
15 years ago

Внимателно со внесување на ветувањата, да не "тилтне" алаткава…