Ги повикуваме сите заинтересирани студенти, стартап компании од областа на IT и сите IT ентузијасти да се пријават за учество на третото издание на Хакатонот за отворени податоци кој ќе се одржи од 24-ти до 27-ми март 2022 година во хотел Панорамика – Скопје. Хакатонот се организира во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Што е „Хакатон за отворени податоци“?
„Хакатонот за отворени податоци“ е 4-дневен предизвик на кој учесниците треба да создадат креативно решение што ќе овозможи промовирање на концептот за отворени податоци. Основната цел на хакатонот е доближување на отворените податоци до сите граѓани и нивно прикажување на едноставен и иновативен начин.
Кој има право на учество?
Право на учество имаат тимови составени од студенти или стартап компании од областа на IT. Неопходно е членовите на секој тим да имаат знаења од програмирање, дизајн, економија, маркетинг и сл. Еден тим може да има најмалку тројца членови, а најмногу осум. Едно претпријатие (*стартап компанија) може да пријави само 1 тим.
*Стартап компанија е претпријатие кое не е постаро од 6 години, кое има или сѐ уште работи на развивање на иновативен производ или услуга и се наоѓа во рана инвестициона фаза
Награден фонд за победникот?
Победникот на Хакатонот ќе добие од 3.000 долари, средства наменети за комплетирање на демо верзијата во функционална апликација.
Регистрација на учесници
Пријавувањето на тимовите е отворено до 23 март, 2022 година, 12:00 часот. Регистрацијата е на следниов линк: а формуларот го пополнува тим лидерот.
Важно: За тимовите кои доаѓаат од други градови предвидено е сместување во хотел Панорамика – Скопје.
Прашања и одговори?
Вашите прашања може да ги испратите на [email protected]; најдоцна до 20 март, 2022 година.
Подетални информации поврзани со „Хакатон за отворени податоци“ се достапни на следниов линк:
Пријавете се!