Valve ќе се натпреварува со Oculus во виртуалната реалност. Компанијатата работи на VR сет кој за прв пат беше презентиран на неодамна одржаниот презентација во Бостон. Прототипот е променет и сега барем со изгледот наликува на Oculus Rift, но компанијата пред неколку месеци објави дека нивниот VR-сет е далеку подобар од Oculus.
Valve објави и дека веќе има изработено демо за Dota 2 во која мапата на играта е поставена на маса, а играчите стојат над неа, но можат и да се преселат во линиите и во прво лице да ги гледаат борбите помеѓу хероите. Valve досега тврдеше дека нивниот VR-сет е концепт и дека сите податоци ќе ги споделат со Oculus и останатите заинтересирани за проектот. Сепак овие изјави беа дадени пред Oculus да стане дел од Facebook, па наскоро Valve можеби ќе најави дека нивниот сет за виртуелна реалност од концепт станува реалност. Коментарите на дел од присутните на Бостон VR meetup и фотографии од таму можете да видите на Reddit.








