Две девојчиња 19 пати избодеа другарка бидејќи интернет мемето Slender Man им рекол да убијат

во Свет

Две дванаесет годишни девојчиња ја викнале својата другарка на преспивање, но наместо забава, следниот ден ja намамиле во шумата каде ја оставија да умре со 19 убоди од нож. За среќа девојчето е живо, откако е пронајдено од случаен велосипедист. Ова звучи како морничава приказна, но настанот за жал е вистински и се случи пред два дена во Вокеша, Висконсин. Двете девојчиња кои го извршиле нападот можат да бидат осудени на 64 годишна казна затвор, јави Gawker.

Кога полицијата ги запраша зошто ја изболе другарката, девојчињата одговориле дека требала да биде жртва на „Slender Man“, интернет меме креирано од фанови на хорор приказни во 2009-та година. Според првичните сознанија на полицијата девојчињата го подготвувале нападот со месеци. Портпаролот на локалната полициска станица објаснува дека девојчињата дознале за Slender Man од сајтот Creepypasta.

„Многу луѓе не веруваат дека Slender Man e вистински, а ние сакавме да им покажеме на скептиците дека не се во право“, изјави едната од обвинетите.

Кој е Slender Man?

Slеnder Man е означен како „првиот вистински мит на Интернетот“, и е опишан како митолошко суштество со неприродна височина, облечен секогаш во одело, со слаба фигура без лик. Според легендата, креирана на интернет во 2009 година на Something Awful сајтот, Slender Man чие лице може да го видите само пред смртта, може да ги растегне или скуси своите раце кога сака, а има и пипци кои излегуваат од неговиот грб кој ги користи да го улови својот плен, најчесто деца.

Веднаш штом се појави, Slender Man станува вирален на сајтовите кои објавуваа фантастични приказни познати како „creepypasta“. Станува збор за куси текстови кои лесно се копираат и се шират од сајт на сајт. Морничавото суштество достигна огромна популарност кога креаторот на популарната Minecraft, Маркус Персон, го вметнаво играта под името Enderman. Slender Man се појавува и во други видеоигри како Slender:The Arrival и Slender Man за iOS, и во музички спотови и кратки филмови. Најпозната верзија на Slender Man se YouТube видеата на MarbleHornets.

[youtube]Bn59FJ4HrmU[/youtube]

Погодени од инцидентот, сајтот CreepyPasta започна со собирање на средства за нападнатото девојче. Дополнително сајтот ја промени почетната страна, овојпат дополнително објавувајќи дека сите текстови се фикција.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk