Добри вести за сите ентузијасти импресионирани од виртуелната реалност. Оваа недела започнуваат тестовите на Microsoft VR уредите за Steam.
Досега на платформата се поддржани единствено Vive и Oculus. Од 15 ноември започнуваат тестовите на уредите од Acer, Lenovo, HP, Dell и Samsung.
Уредите од овие производители засега имаат недостиг на содржина, па отворањето на Steam ќе биде огромен исчекор. Ова е интересен развој и за виртуелната реалност. Технологијата доби повеќе уреди од различни производители, со значително пониска цена.
„Microsoft обезбедува OpenVR драјвер кој овозможува автоматско идентификување на хардверот од партнерите на Microsoft. Што се однесува на корисниците, ова ќе им овозможи да Steam содржините да работат на овие уреди. Развивачите ќе можат да ги прилагодат апликациите за специфичниот уред или за контролерите“, пренесува UploadVR.
Добра вест е дека целосното прилагодување треба да биде завршено наскоро, што значи дека ќе бидат достапни за новогодишните празници.







