Нема никакво сомневање во квалитетот на PS VR 2. Доколку имате желба за истражување светови во виртуелна реалност, направата на Sony е една од најмоќните направи кои можат да се најдат во моментот. Со изглегувањето на направата на 22 февруари, патот беше поплочан со над 30 игри, со уште многу други кои излегоа во наредните недели.
Се приближуваат два месеци од тоа како е направата излезена и неколку гласини го разнишаа бродот дека направата e комерцијален неуспех. Причината за тоа е високата цена, недоволно интересни игри, и фактот дека мал број гејмери се заинтересирани за VR. Голем број од гласините произлегоа од извештајот на IDC – International Data Corporation кои објаснија на Bloomberg дека е потребно цената на PSVR 2 да се намали доколку Sony сака направата да ја спаси од целосен пропаст. Паралелно со ова, еден втор извештај потврди дека производството на PSVR 2 е намалено за 20%, поради слаб комерцијалистички успех.
Но, дадатни истражувања покажуваат дека „слаб комерцијалистички успех“ и не е толку слаб особено кога ќе се земе во предвид дека до крај на март првичната проценка била да се продадат од 270,000 до 300,000 направи. Споредено со PSVR 1, двојката се продава одлично! Споредено и со VR направите на конкуренцијата, PSVR 2 се продава одлично!
Бројките и спредбата што ја гледате е заснована на пријавени и претпоставени продажби од релевантни извори. Од овде, PSVR 2 испаѓа дека имал одличен старт и иако е можно продажбата да намали во иднина, се чини неосновано дека направата е комерцијален неуспех. PSVR 1 се продаде во 915 000 примероци во првите пет месеци, а PSVR 2 се продаде во една третина од бројката само во првиот месец!
Во Македонија првата пратка на PS VR 2 беше исклучително брзо продадена. Набргу потоа, официјалниот застапник за Македонија ги обнови залихите и сеуште може да се најде PSVR 2 со или без Horizon: Call of the Mountain.
Многу сопственици на PSVR 2 се задоволни од моќноста на направата и изборот на игрите, но факт е дека цената е исклучително висока. PS5 се продава за 36 000 денари, а PSVR 2, како додаток за PS5 – за 37000 денари. Иако првичните извештаи не отсликале правилна слика, во едно се дефинитивно во право; потребно е намалување на цената доколку сакаат во иднина да привлечат значително повисока бројка од гејмери.