0 коментари 1 мин. читање

iFixite го расклопи првиот Android телефон од Microsoft, Surface Duo

Овој месец излезе првиот Android телефон од Microsoft, Surface Duo. Дури и ако не сте запознаени и самото име навестува дека станува збор за уред со два екрани; конкуренција на неколку нови телефони со флексибилен екран од Samsung и Motorola.

Наместо еден споен екран Duo доаѓа со два посебни екрани кои сепак функционираат како еден. Од она што веќе и го знаевме вакви уреди за кои е важен секој милиметар од се тешки за отворање. Поради ова и тешката пристапност до дел од приклучоците Surface Duo доби оценка 2/10 за можност за сервисирање.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top